СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Етно вила во село Зовиќ: Мариово

Mariovo
Цена од:

6,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за едно ноќевање за двајца од 6.500 денари
  • За работни денови цената ќе ви ја пишат домаќините при испраќање на барање за резервација
  • Греење/Ладење

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Погледнете ја цената за наем на вилата, доколку ви одговара испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Климатизирано
Паркинг
Чист Воздух
Несекојдневно
Pet Friendly

Опис на сместување
Ова прекрасно сместување е идеално за гости кои бараат мир, удобност и удобни сервисни услуги во природно опкружување.

Спални и капацитет
Вилата располага со една спална соба опремена со еден брачен кревет и два единечни кревети. Максималниот капацитет е 4 гости, со можност за договор за уште едно лице.

Опрема и удобности
кујната е целосно опремена за секојдневно готвење. Греењето се обезбедува преку клима и камин, според желбата на гостите, а во целата вила има Wi‑Fi. За најмалите гости е обезбедено детско катче.

Паркинг и рекреација
Објектот располага со приватен паркинг и простор за чување велосипеди, а домаќините нудат и можност за изнајмување велосипеди.

Локација и околина
Сместувањето се наоѓа во мирно и тивко соседство. Во непосредна близина е филмскиот мост на Милчо Манчевски, а околните предели нудат можности за пешачење и планинарење.

Услови за престој
При викенд престој (од петок попладне до недела) сместувањето се организира по договор со домаќините. Клучот се подига директно од домаќинот. За подолг престој, постелнината и пешкирите се менуваат според потреба. Сместувањето дозволува домашни миленици.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Tamara Lampeva

    02.01.2025 14:52

    Вилата е преубава,поубава и од сликите.Преубаво уредено,многу чисто и опремена со се.Домаќините се предобри и не пречекаа многу убаво.Местото е мирно ќе сакаш да останеш многу подолгу. Домаќините ни дадоа се што ни беше потребно и не испратија преубаво исто така.10/10

  • Susan Beleska

    13.05.2024 08:14

    Could we get this translated into English please? Many thanks Susan

  • Ненад Пешовски

    12.09.2023 22:41

    Прекрасна вила, одлични и гостопримливи домаќини, чисто и уредно,опремена со се што ти треба, бевме 3 дена, со 2 мали деца и поминавме супер,се на се незаборавно искуство, дефинитивно одиме пак

  • Кристијан Радојчиќ

    26.06.2023 22:28

    Мир, тишина и спокој. Вилата е прекрасна, добро уредена. Се на се чиста 10ка...Гостопримливи домаќини,ќе добиете се што ви е потребно за добар одмор од градскиот метеж и брзиот начин на живот.Тука ќе ги наполните батериите и дефинитивно резервирајте си нај малце една недела престој...

  • Vladimir Chagorovski

    17.05.2023 17:28

    Odlicna vila za prodolzen vikend. Avtencino izgradena vo star stil, gazdite se odlicni.

Разгледајте повеќе сместувања