Сместување во Мариово: Село Зовиќ
2,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел објект: 10.000 денари за едно ноќевање
- Цена за 2 лица во сместувањето 2.000 денари за едно ноќевање
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартманите се наоѓаат во село Зовиќ, Мариово на 50 километри од Битола на 685 надморска височина. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартмани во Мариово
Апартманите се наоѓаат веднаш до Етно Куќата „Кај Мостот“ во село Зовиќ, Мариово.
Сместување и капацитет
Објектот располага со 4 апартмани и 3 соби, со вкупен капацитет од 25 легла (5 брачни и 15 поединечни), како и 80 м² кампинг простор.
Секоја единица има сопствено купатило, инвертер клима, фрижидер од 120 литри, маса и столчиња.
Содржини и опрема
- Комплетно опремена кујна
- Wi-Fi
- Приватен паркинг
- Простор за остава на велосипеди
- Греење/ладење со инвертер клима
Локација и активности
Сместувањето е во центарот на селото, опкружено со мирни и фини жители, од кои дел се иселени и повремено се враќаат.
Во околината има обележани оф-роуд патеки, велосипедски и пешачки патеки, како и културно-историски локалитети од Првата светска војна.
Во близина се наоѓаат камениот мост на реката, Манастир „Чебрен“, Добро Поле и Доктор Рајс на Кајмакчалан.
Check-in / Check-out
Check-in: 12:00 часот
Check-out: 10:00 часот
Клучот се подига од одговорно лице.
Постелнината и пешкирите се менуваат на 2 дена.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА