СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Ноќевање во Едрилица

Ohrid
Цена од:

3,690.00 ден

Вклучено во цена:

  • Ноќевање за 2 лица: 60 евра
  • Ноќевање за 3 лица: 70 евра
  • Ноќевање за 4 лица: 80 евра

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Ноќевање во Едрилица на охридско езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 12:00

Тимот на Кајак.мк сака да Ви даде до знаење дека во Македонија може да имате доста уникатен викенд/патување доколку се чувствувате подготвени за такво доживување. Денеска во нашата база додаваме едно несекојдневно сместување во кое можете да уживате во приватност.

Не станува збор за отцепена планинска куќичка, туку за едрилица која можете да ја резервирате и да преспиете во неа.

Сопственикот и домаќин Будимир, кој ги отвори вратите на својата едрилица, за Кајак вели дека време е да им се посветиме на значајните моменти при патувањето и да го доживееме Охрид од една поинаква перспектива.

Сигурно се прашувате што сè е потребно за да може да ја резервирате едрилицата за ноќевање?

Што се однесува до ноќевањето на езеро т.е. едрилица, резервацијата можете да ја направите преку комуникација со сопственикот, чиј контакт можете да го најдете ОВДЕ.

Check in за едрилицата се прави во Вила Мал Св. Климент која од денеска е дел од нашата база на приватни сместувања. Секој гостин кој ќе престојува во едрилицата е пријавен согласно законот за угостителство, а плаќа и туристичка такса во износ од 40 денари по лице, која се плаќа на сама рецепција од вилата и за тоа добива фискална сметка.

За почетници не е потребна никаква пловна дозвола за ноќевање на едрилица, бидејќи едрилиците се укотвени на пристаниште. Едрилиците се наоѓаат во близина на хотел Палас.

Едрилиците имаат спална и дневна соба, тоалет и умивалник, озвучување. Сопствениците велат дека се што е потребно од страна на гостите е нормално однесување, грижа кон езерото и опремата.

Она што го прави ова сместување уникатно е прекрасното изгрејсонце кое можете да го доживеете во фантастично опкружување со апсолутна тишина и спокој.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување