Уникатни студиа во Маврово

Mavrovo
Цена од:

2,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за две лиза за едно ноќевање
  • Греење/Ладење
  • Опремена кујна
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата се наоѓа во Маврово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 15
Кревети : 15
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на самиот брег на езерото и нуди прекрасен поглед од терасите. Секоја соба има сопствена бања, мини кујна за лесни оброци, сопствен влез и балкон со поглед од милион долари.

Располага со 6 студија. Сите се двокреветни со поединечни кревети, но има можност за трет кревет за дете до 12 години (помошен кревет)

Кујните се комплетно опремени со фрижидер и решо, шпорет нема, аспиратор, чинии, чаши, чаши за кафе и млеко, вилушки, лажици, ѓезве, електричен бокал, тавчиња, сол, зејтин, шеќер,кафе, виледа и сунѓер.

Вилата е опремена со добар wi-fi со одлична брзина. 

Располага со приватен паркинг пред самата вила. Има капацитет за 15 лица. 

Се наоѓа на 2 минути од Мавровското Езеро, на 5 мин пеш позади студијата во шумата има патека за пешачење или планински велосипедизам, бидејќи не е поплочена.

Оддалечена е на 3.5 километри од ски центарот, а на 2.5 километри од Маврови Анови, прва продавница- сезонска на 200 метри, колонијал на 1.5 километри.

Студијата се први до улицата, први во шума со директен пристап и до езерото и шумата. Има скали, нема пристап за неподвижни лица.

Соседството се претежно приватни викендици, мирно место.

Сместувањето е во 13:00 часот
Одјавувањето е во 11:00 часот

Клучевите ги подигнувате од вилата кадешто ве чекаат сопствениците и ве запознаваат со околината.

Постелнините и пешкирите се менуваат на 3 ноќевања ако е подолг период или по барање на гостинот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Sevilay recep kansu

    03.12.2024 22:08

    Zdrv kako ste ? dali imate sloboden apartman za 2 vozrasni i dete od 3 god,za 1 nok vlez 08.12 izlez 09.12 i cena ve molam? I dali ima sneg momentalno vo mavrovo kako e vremeto ?

  • Vladimir Krstic

    18.07.2024 06:12

    Bi ve zamolil za ponuda od 02.08 do 04.08 dve nokevanja za troclena familija so dete od 6 godini. Blagodaram

  • Andrijana petkovska

    21.03.2022 19:34

    Dobro vecer Dali imate soba za 2 vozrasni i dete, za periodot od 22.4 do 24.4 i koja e cenata. Pozdrav

  • Blagica taseva

    29.12.2021 21:32

    Zdravo me interesira smestuvanje na 2 i 3 janyari za dvajce vozrasni i 4 deca (16,14 ,10 & 10)

  • Јасмина Дугалиќ

    28.07.2021 07:26

    Дали ги издавате за викендов и која цена се.

  • Marija Gjurovska

    10.04.2021 22:21

    Zdravo dali imate sloboden apartmani od 30.04.-03.03 za tri nokevanja za dvajca vozrasni I edno dete 12 god I Eden apartmani za dvajca vozrasni I dve deca 8 I 2 god