СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Шармантна вила во Маврово идеална за патувачи со стил

Mavrovo
Цена од:

9,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Објектот располага е на 3 спрата во оригиналниот Мавровски стил. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

На приземје може да се најдат билијард и пинг-понг, на првиот спрат има голема дневна со место за релаксација и уживање, кујната и едно WC се истотака дел од првиот кат. На вториот кат има две соби и WC со туш кабина, во едната соба има 2 единечни кревети, во другата 1 брачен. На третиот и последен кат можат да спијат 4 луѓе односно има 4 единчени кревети. 

Секоја соба поседува панелка, тв во 2 соби, тераса.

Кујната е опремена со сите потребни алатки, тањири, вилушки, лажици и секакви тавчиња, тендџериња.

Објектот има Wi-Fi.

Приватен паркинг нема, во лето има доволно место за паркинг но во зима како и сите други викендици паркираат на главната улица. Паркингот е на сите околни куќи.

Во околината се наоѓаат најдобрите кафани во Маврово, Мавровски Мерак и Кај Професорот, Старата Потопена Црква, Шумата е блиску за сите што се спремни. Продавничка Гордана на 1км и на 2км се наоѓаат ски терените.

Вилата поседува: Пинг-Понг, Билијард, 55инч Телевизор, Одлично место за одмор, Типична Мавровска куќа, Преубав поглед од терасата.

Соседството е мирно и пријатно.

Check in: Флексибилно
Check out: Флексибилно

Во вилата има за сите кревети по 2 од секоја постелнина.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Martina

    12.08.2024 12:38

    Во однос на претходните коментари што ги прочитавме, ние имавме различно искуство. Хигиената беше 0, освен постелнината на креветите. Тука би сакала да потенцирам дека целата остава беше зафатена со туѓи алишта и чорапи. Кујната беше леплива, приборот, подот во кујната, а гарнитурата со флеки. Хигиената во тоалетите беше исто така многу лоша, што објаснува зошто нема слики од нив на огласот. Најгорниот спрат беше тотално ненаместен и имавме впечаток дека куќата не е целокупно исчистена откако е сликана за огласот. Крпи немаше на ниту еден кревет како на сликите, што е основна потреба. Коментаров може уште многу замерки да опфати, но мислиме дека е доволно за да го долови искуството. Цената по која се изнајмува е тотално апсурдна.

  • Marko Bogoevski

    18.11.2024 18:39

    Moze li da se rezervira za 8 lica, datum 30 do 2 januari?

  • Ceyda Selim

    11.03.2023 13:59

    Vila Cuki e praviot izbor za vas, pravoto mesto za druzhba i zabava so vashite najbliski. Ima prekrasen pogled, dobra lokacija i super usluzhliv domakjin! ✌️

  • Птедраг Поповски

    27.02.2023 21:50

    Povolna cena, odgovorni domakjini, prekrasna lokacija i sovrshen pogled, celosno planinsko iskustvo za site ljubiteli na priroda, vredi da se poseti, kje bidete prijatno iznenadeni.

  • Елена Новакоска

    10.02.2023 07:11

    Одлична локација на вилата.Снабдена во секој поглед,одлична за дружење.Има билјард,пинг понг,музика.Топло е во секоја соба.Чисто,средено.Топло ја препорачувам!

  • Ненад

    28.01.2023 20:36

    Супер вила, опремена со се што би ви затребало. Одлична локација, прекрасен поглед. Погодна и за поголемо друштво

  • Матеа Матева

    27.01.2023 00:11

    Вилата е на одлична локација , мирно место за одмор и релаксација. Опремена е во секој поглед, буквално може да најдете на се што ќе помислите од домаќинство и техника! Можност за сместување на група луѓе со гарантиран комфорт. Поседува многу убав двор на 2 спрата со преубав поглед во падините на планината Бистра. Има можност за рекреација со пинг понг маса ,билијард и разни друштвени игри Повеќе пати сум била и не планирам да ја сменам ! Топло ја препорачувам 10/10

  • Filip Nedelkovski

    26.01.2023 22:58

    Вилата е одлична за дружби и уживање. Има камин, повеќе соби за спиење, кревети на поткровје со преубав поглед и тераси што ги фаќа сонце цел ден. Има билјард, пин пог, скара, музика, се што ти треба. Чисто и средено од луѓето кои ја имаат.

  • Даница

    26.01.2023 22:57

    Имам прекрасни спомени од вилата, сум била и зимско и летно време, а во зима е едноставно магична. Преубаво место за одмор, за поминување време со друштво или со партнерот. Вилата е многу голема и пространа, одлично опремена и средена. Со друштвото секогаш сме уживале во дворот и во погледот од вилата, а особено и во играњето пинг понг и билијард, сме правеле кино атмосфера, и сме уживале со пијачки покрај каминот. Топла препорака моја е да се избере оваа вила за релаксација, и најголема пофалба до љубезните и ведри домаќини :))

  • Андреј Лазарков

    26.01.2023 21:45

    Одлична локација, а воедно и убав поглед од терасата. Пријатна атмосфера за поминување на времето. Нудат различни друштвени игри. Лесно достапна локација веднаш над патот. Во близина има кафани, продавници. Газдите се супер услужливи!!

  • Boris Kakurinov

    26.01.2023 21:42

    Одлично место за дружба со друштво и одмарање, подалеку од гужви и со преубав поглед. Препорачувам 10/10. Сум бил 100 пати и би одел уште толку. :)

  • Metodi Pendarovski

    26.01.2023 19:08

    Одлична локација и одлично сместување.Поседува пинг понг,билјард,карти и разни други друштвени игри.Супер хост !

  • Kate

    25.01.2023 19:49

    Топ смештај за планински доживљај! Вилата е пространа, голема дневна, кујна целосно со прибор опремена, спални соби одвоени, простор со билијард и пинг понг, и дворче за уживанција. Локацијата исто е супер, одма над патот. Препорачувам дефинитивно!

  • Бојана

    25.01.2023 19:40

    Одлично место за релаксација. Внатре е топло, чисто и пријатно, плус е pet friendly :))) Погледот е преубав, а дворчето одлично за утринско кафе. Вилата е лесно достапна и блиску до главната улица. We will be back soon!

  • Андреј Ташков

    25.01.2023 18:16

    Вилата е одлична,идеална за повеќе луѓе.Ги има сите комодитети,добро опремена кујна,пространа дневна,две купатила,друштвени игри во подрумот…Локацијата е добра,во непосредна близина има продавница,кафани,а и ски центарот не е премногу далеку пеш.Газдите се љубезни,достапни во секое време за било каква потреба :)

  • Filip

    23.01.2023 10:28

    Супер е вилата, посебно собичките горе се многу cozy. Дворчето е прекрасно и има преубав поглед, посебно од сабајле. Домаќините се супер:) Супер место за дружење и поголема екипа.