НОВО
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартмани со панорамски поглед на Охридското Езеро

Ohrid
Цена од:

3,690.00 ден

Вклучено во цена:

  • Студио за 2 лица: 30 евра по ноќ
  • Апартман за 4 лица: 60 евра по ноќ
  • Цената може да биде повисока во ек на сезона и празници
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани со панорамски поглед на Охридското Езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор по писмен пат со цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 4
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Локација

Апартманите се наоѓаат во мирен дел од Охрид, во близина на Билјанини Извори, со прекрасен панорамски поглед кон Охридското Езеро и градот.

Сместувачки капацитет

Објектот располага со вкупен капацитет до 8 гости.

Сместувањето располага со:

  • 4 брачни кревети (King Size – 200 × 180 cm)

Студијата и апартманите се наменети за удобен престој на парови, семејства и помали групи.

Опременост

Секое студио/апартман располага со:

  • Сопствено купатило
  • Бесплатен Wi-Fi интернет
  • Пространа тераса со панорамски поглед кон Охридското Езеро
  • Посебен влез со сопствен клуч
  • Брачен King Size кревет (200 × 180 cm)

Дополнителна погодност е што гостите добиваат 10% попуст во ресторанот „Ана Марија“, кој се наоѓа на околу 90 метри од сместувањето.

Кујна

Секое студио располага со функционална чајна кујна која вклучува:

  • Мини фрижидер
  • Прибор и садови
  • Електрично ѓезве и филџани
  • Плински уред со една рингла

Интернет

Обезбеден е бесплатен Wi-Fi интернет со брзина од 30 Mbps.

Паркинг

За гостите е обезбеден приватен паркинг.

Греење

Во сместувањето нема клима-уреди. Во постудените месеци е обезбедено греење со електрични панелни греалки.

Околина

Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Ресторан „Ана Марија“ (90 метри)
  • Билјанини Извори
  • Спортската сала
  • Шеталиштето покрај каналот со вода од Билјанини Извори

Атракции и прошетки

Локацијата е идеална за:

  • Прошетки покрај каналот и Билјанини Извори
  • Уживање во панорамскиот поглед кон езерото и градот
  • Брз пристап до плажите и центарот на Охрид

Амбиент

Апартманите се наоѓаат во мирна околина, на околу 400 метри од регионалниот пат, што овозможува лесен пристап и истовремено тивок престој.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 12:00 до 22:00 часот
  • Check-out: до 10:00 часот

Клучевите лично ги предава сопственикот или член од неговото семејство.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена.

Домашни миленици

Домашни миленици не се дозволени.

Простор за велосипеди

Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување