Апартман во срцето на Охрид

Апартманот се наоѓа на самиот плоштад во Охрид. Адресата е Петац Чаулев, 15, Градски Плоштад.


Макс. Капацитет : 5
Кревети : 5
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цената е дефинирана зависно од месецот и бројот на гостите
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

АПАРТАМНОТ ВО МОМЕНТОТ Е ИЗДАДЕН НА ПОДОЛГ ПЕРИОД И НЕ СЕ ИЗДАВА!
Куќата располага со вкупно 3 соби, пет кревети од кои еден брачен и три поединечни, голема кујна, купатило и двор.

Апартманот е целосно опремен со се што ви е потребно.

Кујната е пространа. Располага со најнова опрема од фрижидер, електичен шпорет, до кујнска маса, комплетен прибор за приготвување и сервирање како и еспресо машина.

Апартманот има Wi-Fi.

Апартманот има приватен паркинг.

Максималниот капацитет е за 5 лица.

Соседството е безбедно, пријателско и високо туристички ориентирано.

Check in: 14:00-20:00 часот
Check out: 11:00 часот

Клучот се подига од сопствениците.

Гостите ги очекува комплетно наместен апарман. Дополнително апартманот располага со резервни потрепштини од типот на постелнини и пешкири. Гостите можат самите да се послужат но доколку сакаат може и во договор со домаќините да им се обезбеди и дополнително чистење.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици. Куќата располага со двор кој е совршено ограден и идеален за миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди, а исто така и самото сместување има велосипеди кои им се на располагање на гостите бесплатно.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Senat Elez

    19.09.2023 13:10

    Zdr dali imate slobodno za 22.09 i za 23.09 i koja vi e cenata za dvajca