Апартмани во Крушево: Вила за изнајмување
1,600.00 ден
Вклучено во цена:
- Студио за две лица е од 1.600 денари од ноќевање
- Студио 2+1 е 1.800 денари од ноќевање
- Фамилијарно студио за четири лица е од 2.800 денари од ноќевање
- Најниска цена за наем на соба
- Цените варираат во зависнот од периодот и број на ноќевања
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна во сместувањето нема но сопствениците соработуваат со ресторан каде гостите добиваат попуст на менито
Апартмани за изнајмување во Крушево. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
За сместувањето
Објектот располага со три сместувачки единици:
- Две фамилијарни соби, секоја со капацитет до 4 лица. Собите се опремени со еден брачен кревет и кревет на спрат или со два единечни кревети.
- Едно студио со два кревети, кои можат да бидат поставени како единечни или како брачен кревет.
По потреба, може да се обезбеди и дополнително легло.
Опременост на собите
Секоја соба располага со:
- Сопствено купатило
- Телевизор
- Бесплатен Wi-Fi
- Клима уред
- Фрижидер
- Фен за коса
- Електрично ѓезве
- Електричен бокал за подготовка на топли напитоци
Во објектот нема кујна.
Топлата вода е обезбедена преку соларен систем.
Паркинг
Објектот нема сопствен приватен паркинг, но веднаш до вилата има бесплатен јавен паркинг.
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 14:00 часот
- Check-out: до 11:00 часот
Доколку нема гости пред вашето пристигнување, можно е порано пријавување по договор со домаќините.
Преземање на клучот
Гостите ги пречекува одговорно лице кое го врши пријавувањето и им ги предава клучевите од собите.
Постелнина и пешкири
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои три дена.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
МJS
04.10.2022 14:59
Во Casa Mular бевме од 08-12 септември. Со Перо, газдата, веднаш се разбравме за како да стигнеме до сместувањето. Беше реновирано, чисто и многу пријатно. Имавме преубав поглед на цело Крушево и балконче. Со исклучок на мали проблеми со одводот на бањата и тоа што има многу малку садови за што Перо веднаш реагираше, нашето искуство беше супер. Куќата е во строгиот центар на градот, веднаш до училиштето Никола Карев. Во близина е музеј-галеријата на Никола Мартиноски, неколку цркви, од различни периоди и разни други знаменитости. Многу шарматно градче е Крушево, не бевме биле многу одамна и се надевам ќе одиме пак. :)