СУПЕР ДОМАЌИН

All Seasons Rooms & Apartments: Крушево

Krushevo
Цена од:

1,980.00 ден

Вклучено во цена:

  • Двокреветна соба 1,980 денари од ноќевање
  • Студио 2,750 денари од ноќевање
  • Апартман 3300 денари од ноќевање
  • Цените се од ноќ за соба-студио-апартман, а не од лице.
  • Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и период
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување во Крушево. Испратете барање со пополнување на формуларот, а по испратеното барање ќе добиете одговор со конечната цена. Доколку ви одговара цената ќе можете да извршите резервација.


Макс. Капацитет : 11
Кревети : 11
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

All Seasons Rooms & Aprtments се наоѓа во Крушево. 

Објектот располага со:

  • 2 двокреветни соби со по еден брачен кревет.
  • 2 четирикреветни студија секое од нив располага со брачен кревет и два единечни кревети.
  • 2 двособни апартмани, а секој апартман располага со брачен кревет, единечен кревет и аголна гарнитура со механизам на спуштање.

  • Во двокреветните соби има бесплатен интернет, кабловска телевија, електричен бокал и фрижидер. Собите имаат сопствено купатило со фен за сушење коса, крпи, течен сапун и шампон. Студијата се опремени со сопствена кујна (целосно опремени со прибор за јадење) решо со една рингла, фрижидер и електричен бокал. Студијата имаат сопствено купатило со проточен бојлер, фен за сушење коса, крпи, течен сапун, шампон и крпи за сите гости.
  • Во студијата има бесплатен интернет и кабловска телевија. Апартманите се опремени со сопствена кујна (целосно опремена со прибор за јадење) шпорет со 4 рингли и рерна, фрижидер и електричен бокал.
  • Апартманите имаат сопствено купатило со фен за сушење коса, крпи, течен сапун, шампон и крпи за сите гости. Во апартманите има бесплатен интернет и кабловска телевија.

Кујна има само студијата и апартманите. Кујните се комплетно опремени со кујнски прибор со тоа што во студијата има решо со една рингла, а во апартманите има електричен шпорет со 4 рингли и рерна. Двокреветните соби имаат електричен бокал и фрижидер.

Објектот има бесплатно wi-fi.

Има бесплатен паркинг за 6 возила.

  • Двокреветна соба- максимален капацитет 2 лица;
  • Студио- максимален капацитет 4 лица;
  • Апартман- максимален капацитет 5 лица.

Во околината има кафеана веднаш до објектот, спомен куќата на Тодор Проески, Гумење, Македониум, Крушевското езеро, детски парк, Спортски комплекс со спортска сала, скијачки терени.

Сместувањето се наоѓа на главна улица со лесно простапен терен за пешаци и возила. Областа е мирна.

Соседството е мирно без околни куќи, единствено веднаш има кафеана во која се нудат локални и национални специјалитети и храна.

 

  • Check in: Oд 14-18 часот попладне.
  • Check out: Oд 10-11 часот наутро.


Клучот се подига од сопственикот или од вработените.

Доколку гостите останат 7 дена се менува постелнина. Секако и доколку се случи несакан момент да се извалка или измокри постелнината вработените ќе извршат замена.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за оставање велосипеди.

Гостите може да ја искористат убавата локација и да прошетаат на следните места кои се во непосредна близина: Гумење, македониум, спомен куќа Тодор Проески, крушевско езеро, по патот кон скијачките терени каде има прекрасна глетка збогатена со високи дрвја и зеленило. Тоа што гостите не се сместени во строг центар (но сепак се блиску до центарот на само 500 m) каде бучавата е навистина голема посебно во лето, има фреквенција на сообраќај, џагор и врева. Ова се доста важни карактеристики за гостите да имаaт мирен и релаксирачки одмор. Близината на сите горенаведени места ќе направи гостите да уживаат во долгите прошетки, а мирната околина околу објектот ќе им осигура мирен престој.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Sandra Tolovska

    18.12.2024 10:02

    Bi sakala da rezervira apartman za 5 luge 2 vozrasni i 3 deca 11, 8 i 6 godi i za 21 -22 dekemvri