СУПЕР ДОМАЌИН

Сместување во срцето на Крушево

Krushevo
Цена од:

1,700.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цените варираат од 1.200 до 2.000 денари по апартман во зависност од бројот на ноќевања и сезоната
  • Греење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата во Крушево можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со вкупна сума. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 10
Beds : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Parking
Wi-Fi
Clean Air

Вилата се наоѓа во центарот на градот и нуди прекрасен панорамски поглед кон градот.

Објектот располага со три соби, од кои две имаат поглед кон градот:

  • Една соба со брачен кревет
  • Една соба со брачен кревет и две единечни креветчиња на спрат
  • Една соба со брачен кревет и петтосед на спуштање

Секоја соба располага со:

  • Сопствена кујна
  • Купатило
  • Клима уред
  • Кабловска телевизија
  • Бесплатен Wi-Fi интернет

Кујните се опремени со:

  • Фрижидер
  • Решо
  • Комплет прибор за подготовка на оброци

Дополнителни удобности:

  • Бесплатен Wi-Fi низ целиот објект
  • Приватен паркинг
  • Простор за складирање велосипеди

Капацитет:
Максималниот капацитет е до 10 гости.

Локација:
Сместувањето се наоѓа во мирна и тивка област. Во непосредна близина има:

  • Малски дуќан
  • Детска градинка
  • Црквата „Свети Јован“

Информации за престој:

  • Check-in: од 14:00 часот
  • Check-out: до 11:00 часот

Гостите ги пречекуваат сопствениците, од кои се подига и клучот.

Постелнината и пешкирите се менуваат два пати неделно, а по барање на гостите и почесто.

Дополнителни информации:

  • Домашни миленици не се дозволени
  • Идеално сместување за мирен и удобен престој во центарот на градот

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Елена Арсова Станковска

    16.02.2026 12:08

    Во вилата бевме две ноќевања и задоволни сме. Бевме сместени во собата со кујна. Пространа дневна со комфорен кауч и телевизор и четири кревети од кои два споени како спална. Кујната е посебна просторија, има едно поголемо решо за готвење што нас ни беше доволно и голема кујнска маса. Има и посебен балкон од остатокот од сместувањето. Се беше уредно и чисто. Блиску до центарот на 5-6 мин.пешки. Кога би дошле повторно во Крушево повторно би се сместиле тука.

  • Jovana Strmbov

    23.01.2026 08:12

  • Славица Ѓорѓиевска

    16.11.2025 00:11

    Прекрасно место, локацијата повеќе од одлична, домаќините многу гостопримливи и апартманите се опремени со што ќе ви ќе ви затреба за да имате пријатен и релаксиран престој. Топла препорака за сите кои сакаат да го посетат Крушево

  • Елена Мицева

    19.05.2024 16:28

    Бараме сместување за едно ноќевање за 1 јуни, за 5 лица 3 возрасни и две деца 8 и 4 год

  • Марјана Јованчева Павлова

    17.01.2024 15:01

    Добар ден... Дали може да ми напишете цена за ноќевање за семејство (2+2). Поздрав...

Разгледајте повеќе сместувања

СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

2,100.00 ден

Разгледај
СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

1,400.00 ден

Разгледај
СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

3,500.00 ден

Разгледај
СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

2,500.00 ден

Разгледај
МОМЕТАЛНО НЕ РАБОТАТ
Цена од

2,000.00 ден

Разгледај