СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартман во Крушево за едно семејство

Krushevo
Цена од:

2,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Минимална цена за наем на апартманот од ноќ: 2.000 денари
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Зимскиот период: 1800-2400 денари
  • Летен период: 1000-2.000 денари
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Опремено купатило
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартман во Крушево. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Удобен апартман во Крушево – одлична локација и приватност

Опис на апартманот
Апартманот располага со една спална соба, кујна и купатило. Вкупно има 4 кревети: два одделни кревети кои можат да се спојат и два кревети на спрат.

Опременост
Во апартманот има маса со столици, плакар, телевизор, интернет, фрижидер, решо, чинии, садови за готвење и прибор за јадење.

Купатилото е целосно опремено со тоалетна хартија, средства за хигиена и пешкири.

Интернет и паркинг
Обезбеден е Wi-Fi интернет.
Сместувањето располага со сопствен паркинг.

Капацитет
Максимален капацитет: 4 лица.

Локација
Апартманот се наоѓа под самата Корија, на само 100 метри од споменикот на Питу Гули.
Идеална локација за истражување на градот и околината. Сместувањето е на само 5 минути пеш од центарот на Крушево.
Во близина има прекрасна шума погодна за прошетки.

Греење и удобност
Сместувањето има централно греење и е топло 24/7. Обезбедува добра приватност, а соседството е мирно.

Check-in / Check-out
Check-in: 10:00 – 24:00 часот
Check-out: 10:00 – 12:00 часот

Клучот се подига од сопствениците.

Дополнителни информации
Постелнината и пешкирите се менуваат при подолг престој.
Сместувањето не дозволува домашни миленици, но тие можат да се чуваат во дворот доколку не ги вознемируваат соседите.
Во дворот има простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Anita Bojadziska

    02.08.2025 07:40

    Супер домаќини и топло ги препорсчувам.