Бунгалов во Неа Каликратија
Вклучено во цена:
- Цените ќе бидат ажурирани дополнително, доколку имате потреба од конкретна понуда испратете онлајн барање за резервација или преку вибер разговор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето се наоѓа во прв ред до плажа. Станува збор за приватен апартман во склоп на комплексот Миконијатика. Комплексот е на 3 километри од Неа Каликратија и на 35 километри од Солун. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Сместувањето располага
со 2 спални соби, една со брачен кревет (за 2 лица) и втората со две единечни
кревети и дополнителен трет кревет.
Сместувањето има
и дневна соба со брачен кревет . На троседот може да спијат 2 лица, и на
другитот кревет може да спие едно лице.
Максималниот
капацитет е за 8 лица.
Сите соби се
комплетно опремени со нова опрема. Кујната има се што му е потребно на едно
семејство за одмор. Во кујната има нови апарати. Исто така, опремена е и со
нова клима.
Сместувањето има Wi-Fi.
Сместувањето има
приватен паркинг на 20 метри.
Комплексот е на 3 км од селото Неа Каликратија. Во селото
има големи супермаркети, како Лидл, банка, банкомати, болница и многу кафулиња
и таверни. Исто така, на оддалеченост од 150-200 m од одморалиштето
Миконијатика има три организирани барови и две таверни на плажата.
Во близина на комплексот се наоѓа познатата пештера
Петралона. Пештерата Петралона е една од најимпресивните и најзначајните
пештери во Европа благодарение на нејзиното богатство од фосили (една од
најбогатите збирки во Европа) и на откривањето на човечки череп кој датира
приближно 700.000 години.
Вилата се наоѓа на предната плажа приватен станбен комплекс
Миконијатика, на плажата Геопоника на 3 км од селото Неа Каликратија и 35 км од
градот Солун.
Сместувањето
работи од 1-ви јуни до крајот на септември.
Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот
Клучот се подига
од сопственикот кој ги пречекува гостите.
Постелнината и
пешкирите се менуваат на секои 4 дена.
Вилата е идеална за безгрижни и пријатни семејни одмори.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Zaklina Velickovska
22.08.2024 20:54
Sakav da prasam dali ima za dvajca vozrasni i dete od 15god za od 25do do30.08.slobodno i cena.blagodaram
-
Tatjana Krajcevska
31.07.2024 16:01
Ve molam za info dali ima slobodno mesto za dvajca od. 02.08do 03.08 i koja e cenata
-
Ana Simjanovs
24.06.2024 08:40
Dobar den bi sakala da se informiram dali imate sloboden termin od 21.7 do 28.07 za dvajca vozrasni i edno dete od 18 god., i ke ve zamolam za cena,pozdrav
-
ANASTASIOS TSONGALIS
06.03.2024 18:18
I am interested in renting the villa from 1/8 to 5/8. Please the price.
-
Билјана Блажевска
01.08.2023 21:39
Zdravo dali ima slobodno od 10.08.-17.08 cena
-
Ivana Nikolovska Anchevska
29.06.2023 19:08
Здраво, Ме интересира дали е слободен за период 09.07-16.07 , за 4 возрасни и 3 деца ( 4год, 4год и 12год.) И која е цената? Ви благодарам