СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила со базен на Тиквешко езеро 2

Kavadarci
Цена од:

4,920.00 ден

Вклучено во цена:

  • Вилата се издава во целост, не е поделена по апартмани. Може да ја закупат само двајца, а може и 6 лица. Цените се соодветни на бројот на гостите. 80 евра за двајца, 100 евра за 4 и 120 евра за 6 лица.
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Користење на два сезонски базени

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата се наоѓа на Тиквешко езеро, Брушани, местото викано Ежови падини. Доколку сакате да ја резервирате потребно е да испратите барање за резервација, а по испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена, по која можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на Тиквешко езеро, Брушани, местото викано Ежови падини.

Вилата располага со 2 спални соби (со брачни кревети), дневен престој, кујна, и еден тоалет. Во дневниот престој, креветот е на расклопување во вид на спална. По потреба, има и два клик-клак поединечни кревети.

Собите имаат брачен кревет, шкаф за сместување на работите, фиокари и огледала. Прозорите се со комарници и со венецијанки. Дополнително има и панели за затоплување и клима уред за ладење.

Вилата има целосно опремена кујна. Има плотна за готвење, аспиратор, фрижидер и машина за миење на садови. Дополнително опремена е со прибор за јадење, тави, тенџериња, електрична скара, и скара на ќумур во надворешниот дел.

Вилата има функционална ви-фи мрежа.

Максималниот капацитет е 6 лица.

Во околината има други вили, а на 20м се наоѓа самото езеро.

Убавината на нашата вила е дворното место од 1000м2. Истото нуди два базени, еден голем и еден мал соодветен за помали деца и огромна зелена површина со палми и друг вид зеленило. Поголедот од вилата е кон езерото и планината, одличен пејсаж за уживање. Покрај базенот има три лежалки и гарнитура на која може да уживате во вашето утринско или попладневно кафе.

Станува збор за викенд населба. Во текот на неделата е прилично мирно и тивко место за уживање. За време на викендите, освен мештаните, може да се сретнат туристи од земјава и странство.

Официјално сместувањето се прави по 14:00. Меѓутоа домаќините се флексибилни согласно потребите на гостите.

Одјавувањето се прави во 10:00 наутро. Во зависност од условите, и пречекот на следните гости, и тука домаќините нудат флексибилност да им излезат во пресрет на гостите.

Клучот се подигнува во самата вила. Таму гостите се пречекани од сопствениците на вилата.

Доколку гостите останат подолго од 7 дена се менува постелнината и пешкирите. По потреба, и порано.

Вилата се издава во целост, не е поделена по апартмани. Може да ја закупат само двајца, а може и 6 лица. Цените се соодветни на бројот на гостите. 80 евра за двајца, 100 евра за 4 и 120 евра за 6 лица.

Вилата е на 8 км од градот Кавадарци кој изобилува со неколку одлични винарии и современи ресторани.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Boris Andonovski

    21.08.2024 13:58

    Zdravo, Me interesira dali vi e slobodna vilata za od Petok 23 Avgust do Nedela 24 Avgust, 2 nokevanja za dvajca vozrasni.

  • Elena

    14.08.2024 07:39

    Dali e slobodna vilata za sledniov vikend 17 i 18 avgust T.e. Petok popladne do nedela 11h

  • Zoran Petrusevski

    09.08.2024 11:50

    Dali e slobodna na 7i 8 speptevri za 4 vozdrasni i dve decinja od 5 god i 10 godini ve molam i cena

  • Igor Bogevski

    16.07.2024 07:31

    Zdravo dali e slobodna vilata za 2-3 avgust

  • Igor Bogevski

    16.07.2024 07:30

    Zdravo dali e slobodna vilata za 2-3 avgust

  • Petar Velkov

    15.07.2024 17:47

    Broj za kontakt

  • Natalija Jovanova

    06.07.2024 18:01

    Zdravo, sakam da prasam dali moze da se iznajmi vilata za proslavuvanje na mominska( preku den) ne sakame so nokevanje i kolku bi ne cinelo za otprilika 8 dusi? Za 3 avgust. Go ocekuvam vasiot odgovor. Pozdrav!

  • Dojranka

    07.06.2024 16:46

    Zdravo, Koga imate slobodni termini?