Уникатно винско искуство и сместување во близина на Куманово
1,696.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е за едно ноќевање за двајца и варира во зависност од сезоната и престојот
- Греење/Ладење
- Приватно купатило
- Тераса
- Wi-Fi
- Скара на отворено
- ТВ
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Храна
- Транспорт до сместувањето
Објектот располага со 15 легла, просторија за појадок на гостите, место за дегустација на вино. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Објектот располага со 15 легла, просторија за појадок на гостите, место за дегустација на вино, како и прекрасно опкружување каде може да се поминат незаборавни моменти дегустирајќи од многуте типови вино кои се наоѓаат на нашата винска карта.
Секако највпечатлив момент за секој посетител е винаријата каде се преработува грозјето и одлегува виното.
Сместувачки капацитет се наоѓа на само 3,5 км од центарот на Куманово, односно на 500 м од стара Кумановска бања. Мегалитска обсерваторија Кокино се наоѓа на 30 км од градот и од винаријата, но на само неколку км од лозовите насади. На неполни 2 км се наоѓа сеуште недоволно прочуената Бислимска клисура која нуди неочекуван пејсаж и доживување за посетителите.
Има дегустација на 5 сорти на вино, прошетка низ винарија, едукација за процес на производство, фамилијарна атмосфера, а се наоѓа на само две минути од Ресторан Палас. На само неколку км се наоѓа најпознатата опсерваторија Кокино.
Сместување по 12:00 часот
Одјавување од 07:00 до 10:00 часот
ЛОКАЦИЈА