Скијатос: Вила Павлос лето 2021

Grcija
Цена од:

1,537.00 ден

Остов Скијатос за лето 2022



Вклучено во цена:

  • Цена за наем на студио за 2 лица за едно ноќевање во месец јуни
  • Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања
  • Базен
  • Wi-Fi
  • Паркиг
  • ТВ

Не е вклучено во цена:

  • Траект на релација Волос-Скијатос-Волос (Кој може да ви го обезбеди агенција)
  • Туристичка такса

Глобалниот тренд на уникатни сместувачки капацитети не поттикна да ви овозможиме сместување на Скијатос кој ќе ги опфати сите три димензии на летниот одмор. Почнувајќи од спор летен одмор покрај базен кој го краси медитеранскиот дворот на нашата вила, организиран безбеден секојдневен превоз до најпознатите песочни плажи кои ги посетувале светски реномирани имиња па се до посета на локалните атракции во Скијатос кои се на само неколку минути пеш од вилата.

Островот Скијатос и вила Павлос ќе ви дадат една поинаква перцепција на вашиот летен одмор. Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.

Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Ова урбана вила ќе ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палминови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, прибор според бројот на гости, ТВ, фен, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi.

Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.

Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.

Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување