Off-roading тура со камион „Џејмс“ од Втора светска војна
1,500.00 ден
Кајак.мк ви помага да се запознаете со луѓето кои досега не биле забележани на нашиот пазар, а навистина знаат и умеат да ви го исполнат денот со нешто кое не се доживува секој ден.
Вклучено во цена:
- Цена по лице
- Offroad тура по земјин пат или асфалтиран пат
- Фотографирање со шарпланинци и олдтајмери
- Скара по избор на Љупчо
- Многу спомени
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до селото Лескоец (постои можност за дополата на транспорт од било кој град во државата)
Полудневна авантура во околината на Лескоец, охридско.
Резервирајте ја турата која ја организира Љупчо со неговиот камион „Џејмс“ од
Втора Светска Војна. Турата се реализира по лош терен или по асфалтиран пат (во
зависност од барањата на групата). Овој камион е единствен кај нас како
оригинална верзија со мотор на бензин.
Поаѓањето е од Лескоец, село кое е на 4 километри од Охрид,
а се наоѓа на главниот пат за Битола.
Од селото Лескоец започнува турата, која претходно со Љупчо ја дефинирате за
точниот термин на поаѓање и денот на реализација.
Турата продолжува по спореден пат кој води до „Старо
Лескоец“ на околу 2,5 километри.
Од селото „Старо Лескоец“ на еден километар се наоѓа
„Шанкот“ каде на околу 100 метри подолу Љупчо има нива каде ги чува своите шарпланинци
и уште неколку „Џејмс“ олдтајмери. Во договор со организаторот овде одвојувате
време за пауза, за проучување на олдтајмерите, за фотографирање и хранење на
шарпланиците, за потоа групата да се упати кон „Шанкот на Љупчо“ каде тој ви
приготвува скара.
Неговиот шанк има прекрасен поглед на Охрид и охридско
езеро.
За реализација на турата потребни се мимимум 5 лица- максимум 10 лица.
Доколку се работи за група која сака да ја реализира ова полудневна тура, со можност за посета и на Охрид, Кајак.мк ви нуди можност за резервација на превоз од било кој град во државата.
Контакт: 076 791 157
ЛОКАЦИЈА