НОВО

Шумска авантура со јавање коњи, пикник и прошетка низ срцето на природата

Ден во шумите низ Македонија. Идеална тура за сите љубители на зелениот рај во нашата земја. Побегнете од летните горештини и градските гужви и најдете свежина и спокој во природната сенка на шумите. Доживејте авантура со јавање коњи, пикник под дрвјата и мирисот на недопрена природа. Испратете ни барање на [email protected]


Вклучено во цена:

  • Водич кој ќе ве придружува низ целиот ден и ќе ви ја пренесува приказната за природата и околината
  • Јавање коњи со професионален инструктор и обезбедена опрема
  • Пикник со традиционални домашни јадења и пијалаци
  • Организација и логистика на локацијата
  • Трансфер

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци и дополнителни услуги (подароци, сувенири итн.)
  • Јадења и пијалаци надвор од предвидените во пикникот
  • Активности надвор од утврдената програма на турата

Понекогаш најголемата убавина се крие во тишината и мирот на природата. Ви нудиме еднодневна авантура што ќе ве одведе под зелената сенка на недопрена шума, каде времето тече побавно, а секој здив е полн со свежина и живот.

Патувањето започнува со спокојна прошетка низ шумските патеки, исполнети со мириси на бор, мајчина душичка и диви цветови. Потоа ве очекува незаборавно јавање низ шумските полиња и ливади, каде ќе почувствувате вистинска хармонија со природата и ќе уживате во погледите кои се отвораат од секој агол.

Најубавиот дел од денот е пикникот на чиста ливада или покрај шумски поток, каде ќе вкусите традиционални домашни јадења под звуците на птиците и шепотењето на листовите. Овој момент е создаден за опуштање, разговор и уживање во магијата на природата.

На крајот од денот, ќе се вратите со нови емоции, спомени и енергија што ќе ве исполнува долго време. Оваа турa е совршен начин да се побегне од градската бучава и да се најде спокој во срцето на природата.


Дополнителни информации:

Турата е еднодневна и почетна точка на поаѓање може да биде Скопје или во зависност од барањето на групата, на било која локација низ Македонија.
Поаѓање во утринските часеви, враќање назад во попладневните часеви.
Турата е флексибилна и секогаш се прилагодува на барањата на групата.
Изводлива е за двајца, не е потребно да биде поголема група.

За повеќе информации пишете ни на [email protected]

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар