Истражи ја Малешевијата на еднодневна авантура од Скопје

Истражи ја Малешевијата на еднодневна авантура од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Малешевија-Скопје)
  • Локален претставник
  • Лиценциран туристички водич
  • Ручек
  • Посета на природни атракции

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Малешевиja е планинско-подрачје во источниот дел на Македонија, познато по својата природна убавина, традиција и автентичен начин на живот. Се простира во близина на градовите Берово и Пехчево, кои се центри на регионот.

Во непосредна близина на Беровското езеро се наоѓа туристичка населба "Беровско езеро". Најдобрата панорамска глетка е токму од оваа населба.

А дали сте слушнале за мурите?

Единствено наоѓалиште со ела на Малешевските планини.

Пехчевските водопади - вистинско чудо на природата. Се наоѓаат во југоисточниот дел на Пехчево, во горниот тек на реката Брегалница. Ова подрачје има длабоки кањони и неколку водопади, од кои најголемиот, Затачки, има висина од 14 метри. Патеките што водат до водопадите се добро уредени и нудат прекрасни панорами.

Јудови ливади - Локацијата "Јудови ливади" се наоѓа во близина на Пехчево и е позната по растението Дросера ротундимолија, што е ретко во Македонија и Балканот. Ова растение привлекува инсекти со својата слатка и леплива супстанца. Ливадата е дом и на други редки видови и може да се посети преку патека која е лесно достапна за пешачење и велосипедизам.

Кукоља - уникатна појава на камени кукли.

Посета на локални занаетчии и запознавање со нивните занаети.

Посета на локалци кои произведуваат мед, џем, слатко и разни други производи од природата.

Ручек.

Турата започнува во утринските часеви, а завршува во доцните попладневни часеви со поаѓање назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар