Истражи ја Источна Македонија: Разглед на Штип и Кочани (еднодневна тура од Скопје)
Истражи ја Источна Македонија: Разглед на Штип и Кочани (еднодневна тура од Скопје). Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Источна Македонија-Скопје)
- Ручек
- Лиценциран туристички водич
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Источниот дел на Македонија е познат по својата природна убавина, историски локалитети, автентични села, манастири, цркви, традиционална храна и рурална убавина. Особено значаен за љубителите на планината и риболовот.
Од главниот град Скопје е оддалечен околу 100км.
Поаѓање во утринските часеви и се упатуваме кон Штип.
Штип е еден од поголемите градови во Источна Македонија, познат по својата богата историја и културно наследство. Градот е дом на многу споменици од римската и византиската ера, а особено е познат по својата ткаенина и текстилна индустрија. Штип е и важен центар за образование и културни настани.
Во Штип ќе ги посетиме:
1. Античкиот град Баргала
2. Тврдината Исар
3. Градскиот музеј
4. Црквата Св.Никола
5. Џамија Хусамедин Паша
По разгледот на Штип се упатуваме кон Кочани.
Градот е особено значаен по земјоделството, со фокус на оризопроизводството. Околината нуди бројни туристички атракции, вклучувајќи манастири, историски локалитети и природни убавини. Кочани е добро поврзан со други региони и има богат културен живот, што го прави атрактивна дестинација за посета.
Се посетува:
1. Споменикот на слободата
2. Археолошки локалитет Црквиште - Мородвис
3. Градче или Кочанско езеро
Турата ја завршуваме со македонски традиционален ручек.
Се враќаме кон Скопје во приквечерните часеви.
ЛОКАЦИЈА