Едрење на Охридско езеро
3,800.00 ден
Оваа двочасовна тура нуди едно ново, на моменти и адреналинско доживување. Доколку сакате да резервирате, испратете барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Двочасовна тура за 2 лица - 3.800 денари
- Двочасовна тура за 3 или 4 лица - 4800 денари
- Поаѓање наутро - 10.00 часот
- Поаѓање попладне 17.15 часот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до атракцијата
Двочасовна тура со едрење – Охридско Езеро
Оваа двочасовна тура нуди уникатно и адреналинско доживување на Охридското Езеро. Под водство на искусни скипери, ќе ги запознаете тајните на едрењето, а ќе имате и можност самостојно да управувате со едрилицата под нивно менторство.
Маршрута на турата
По испловување од каналот Студенчишта, се плови кон населбата Канео покрај стариот дел на Охрид, продолжувајќи кон Претседателската вила кај Горица.
На враќање кон каналот Студенчишта, предвидена е пауза за пливање во водите на Охридското Езеро, со што искуството станува целосно и незаборавно.
Важни информации
- Услугата е достапна за возрасни и деца над 10 години (во присуство на родител)
- Задолжително се носи безбедносна опрема обезбедена од организаторот
- Секој учесник учествува на сопствена одговорност
- Организаторот има право да ја прекине или откаже турата поради неповолни временски услови или безбедносни причини
Капацитет и едрилици
- Располагаме со 7 едрилици со вкупен капацитет до 35 лица истовремено
- Турата се изведува со H22 One Design едрилици
- Максимум 4 лица по едрилица
Распоред на поаѓање
- Утринска тура: 10:00 часот
- Попладневна тура: 17:15 часот
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Јасмина Филковска
08.08.2024 16:23
Има ли можност денес, 8 август, да се вклучам во турата на зајдисонце од 18. ч.? Сама сум.
-
Lidija Kostovska
07.07.2024 11:51
Zainteresirana sum za tura so edrilica za 4 lica za 15 juli.Ve molam za cena I informacii za rezervacija