Tao Te Wellness: Апартмани во Полихроно

Grcija
Цена од:

4,305.00 ден

Вклучено во цена:

  • Студио (за две лица) се движи од 60-70 евра од ноќевање
  • Апартман (за 4 лица) се движи од 85-95 евра од ноќевање
  • Цените варираат во зависност од периодот
  • За дополнителен кревет во студиото или апартманот се доплаќа 10 евра од ноќ
  • Вклучено греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Објектот се наоѓа во Полихроно, Грција, на 1км оддалеченост од центарот на Полихроно. Можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 48
Кревети : 48
Check In : 15:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Tao Te Wellness се наоѓа во Полихроно, Грција, на 1км оддалеченост од центарот на Полихроно. Од главниот пат кој води од Полихроно кон Ханиоти,  на 500 м по Полихроно, од десна страна се издвојува пат кој води директно  до објектот.

Апартманскиот комплекс располага со вкупно 12 соби, односно единици за сместување од кои 6 студиа (со површина од 25м2 максимален капацитет до 3 лица) и 6 апартмани (со површина од 35м2 и максимален капацитет до 5 лица)

Апартманите располагаат со сопствено купатило, мала кујна, клима уред и wi-fi, фен. Секој апартман/студио има тераса со поглед на море.

Кујните содржат основна опрема, фрижидер со средна големина, решо со две плотни, бокал за топла вода и најосновен прибор за јадење и подготвување на храна.

Сместувањето има Wi-Fi.

Сместувањето има паркинг во дворот на хотелот без доплата.

Студиото има капацитет да смести 3 лица, а апартманот 5 лица.

Објектот се наоѓа на 500м оддалеченост од море или 20 минути одење, на 1 км оддалеченост од Полихроно и 4 км од Ханиоти.

Објектот локациски се наоѓа во најкомерцијалниот дел на кракот Касандра, но претставува издвоен имот на 500 м од патот, поставен на мала височина со сопствен двор од 4.000 м2.

Првите соседни куќи и хотели се на 500-800 м оддалеченост.

Check in: 15:00 часот
Check out: 11:00 часот

Клучот се подига од лице задолжено за прием на гостите.

Постелнина се менува на 5 дена, пешкири на 3 дена и на посебно барање на гостите.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување