Луксузна вила со џакузи и неверојатен поглед – Попова Шапка
11,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената за наем на вилата од ноќевање е од 11.000 денари
- Цената преку лето и пролет е пониска
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Планинска вила на Попова Шапка. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Модерен планински ентериер
Вилата располага со нов и модерен ентериер, уреден во топол планински стил кој совршено го доловува чувството на престој во планина. Просторот е удобен и пријатен, идеален за одмор со семејството или пријателите.
Сместување
Вилата располага со 2 спални соби. Во едната спална соба има еден брачен кревет, додека во другата има еден брачен кревет и два кревети на спрат.
Вилата има дневен престој, целосно опремена кујна, купатило и тоалет.
Вкупно располага со 2 брачни и 2 единечни кревети, а максималниот капацитет е 7 лица.
Опрема и удобности
На располагање на гостите се Wi-Fi, приватен паркинг и подно топлинско греење. Сместувањето има и простор за оставање велосипеди.
Локација
Рестораните и кафулињата се наоѓаат на само 2 минути пешачење од вилата, што овозможува лесен пристап до локалната понуда.
Пријавување и одјавување
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Пристапот до сместувањето е овозможен со код, кој гостите го добиваат по направената резервација.
Важно за гостите
Постелнина е обезбедена, но пешкири нема во вилата, па гостите потребно е да понесат свои.
Домашни миленици не се дозволени.
Греење: подно топлинско греење.
ЛОКАЦИЈА