Хотел Скардус, Шар Планина: Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Скардус, Шар Планина: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 140
Кревети : 70
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Хотел Скардус е лоциран во еден од најубавите предели на Шар Планина и важи за луксузен туристички центар со четири ѕвезди.

Хотелот располага со 35 соби, вклучувајќи 18 стандардни соби (двокреветни или еднокреветни), 6 семејни соби (јуниор апартмани), 9 апартмани и 2 ВИП апартмани, сите опремени со највисоко ниво на удобност и квалитет, со вкупно 140 кревети.

Собите се модерно опремени со клима, ТВ, ТВ канали, бесплатен Wi-Fi, сопствена бања со туш, фен за коса, тоалетни производи. Бесплатната Wi-Fi конекција е достапна на сите локации, а во цената е вклучен и појадок.

Хотел Скардус располага со Wellness&Spa центар кој вклучува затворен базен, сауна, џакузи, турска бања, фитнес, центар за масажа.

Хотелот располага и со ресторан, ноќен бар, конференциска сала.

За љубителите на скијање има обезбедено ски соба и перална.

Паркингот е бесплатен.

Check-in: 14:00-00:00

Check-out: 11:00

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување