Планинската куќа на Попова Шапка
8,100.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем од ноќевање (задолжителен наем минимум 5 ноќевања)
- Тв со сателитска ( М-тел)
- Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето (со можност за доплата)
- Пешкири и препарати за лична хигиена
- Храна
- Пешкири
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации на мејл така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Прекрасна, пријатна и пространа планинска куќа лоцирана во центарот на ски центарот Попова Шапка. Се наоѓа во непосредна близика на жичарницата. Има традиционален дизајн и дрвен ентериер, што ви го дава тоа топло и домашно чувство. Куќата е целосно опремена со сите кујнски уреди, машина за перење, сателитска телевизија, два ЛЦД-телевизори, бесплатен Wi-Fi,бојлер за топла вода, централно греење во сите делови на куќата и преден двор што може да се користи за скара.
На долниот спрат има голема дневна соба со голем ТВ со рамен екран (42 инчи), кујна, голема трпезариска маса за 6 лица до кујната,
Тоалет со туш и долг преден простор за складирање на скијачката опрема сува и подготвена за следните авантури.
Дневната соба има пристап до голема тераса. Дел од терасата е затворена со големи прозорци, целосно изолирани од студот за да уживате во тие неверојатни утрински и вечерни планински погледи (се смета за област за пушење), додека другата половина е отворена за уживање во сончевите денови.
На горниот кат има една единечна соба со брачен кревет, една соба со два оделни кревети и отворена просторија со два кревети и телевизор.
Причината зошто овој опис е толку долг е што сопствениците ја сакаат куќата и се големи ентузијасти и отворени за да ја споделат со сите гости.
Куќата располага со три соби на горниот кат.
Кревети: 6 ( 1 х брачен + 5 х единечни)
Соба 1 - три единечни кревети
Соба 2 - еден дупли кревет
Соба 3- два единечни кревети со tv и wi-fi. Оваа соба е полуприватна односно е како внатрешна тераса која гледа долу во дневната. Ова е омилено катче на многу гости а најмногу на деца над 5 години.
Тоалет со туш кабина, парно греење, проточен бојлер и фен. Машина за перење и додатен фрижидер во подрум, примерно уреден.
Кујната е опремена со рерна, микро, рингли, пасер-рачка, миксер, тостер, разни тавчиња и кујнски алати како дома. Многу погодно за семејства со мали деца.
Трпезарија со дневна. Тв ( М-тел) и wi-fi.
Паркинг има одма до влезот кој може да биде попречен од многу снег и не е во наша контрола за достапноста во тие моменти. “
Капацитетот на куќата е за седум луѓе. Тогаш се закупува цела куќа за 130 евра од вечер и може да се резервира на минимум пет вечери, а да се уплати 30% од сумата унапред.
Гостите може да се сместат од 15.00h до 18.00h и да се одјават најдоцна до 10.00h.
Клучот се подига од самите сопственици кои ги пречекуваат и испраќаат гостите.
Промена на постелнина не се врши но има оставено во куќата. Пешкири и средства за лична хигиена како и храна не се нудат. Гостите треба сами да си понесат!
Check in: 15.00 - 18.00
Check out: 10.00
Клучот се подига од самите сопственици кои ги пречекуваат и испраќаат гостите.
Промена на постелнина не се врши но има оставено во куќата. Пешкири не се нудат. Гостите треба сами да си понесат!
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Goce Shumulikoski
03.01.2025 18:08
Dali vilata e dostapna za tri Noki od 8mi do 11ti?
-
Ардиан шабани
18.12.2024 21:28
Дали може да ми кажете кој датуми за месец јануари ги имате слободни мене ми требаат од 1 до 12 тие датуми да се слободни за 3 вечери и дали може еден контакт број ве молам.
-
Aneta Trajkovska
08.12.2022 17:54
Dali e slobodna za nova godina
-
Емилија Алексовска
30.11.2021 09:51
Дали е слободна Планинската куќа „Дуфне“ на Попова Шапка за период од 03 Јануари до 05 Јануари (две вечери за 6 особи) и колку изнесува вкупниот износ? Благодарам. Ема