Планинарски дом „Љуботен“

Popova Shapka
Цена од:

600.00 ден

Вклучено во цена:

  • Бунгалови:
  • 900 ден. по кревет со вклучен доручек
  • Поткровје:
  • 600 ден. по кревет со вклучен доручек

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Чист Воздух

Планинарскиот дом „Љуботен“ се наоѓа на 1620 метри надморска висина, на еден од најголемните планински масиви во Македонија - Шар Планина или поточно областа Љуботен.

Моментално домот располага со два типа на сместување:

- Поткровје, кое што е една заедничка соба, со вкупно 20 единични легла

- Бунгалови, вкупно пет, кои располагаат со по два единечни кревети

- Поткровјето располага со 20 единечни легла и е погодно за поголеми групи на посетители. Во склоп на домот е и заеднички тоалет, со туш кабина.

- Бунгаловите располагаат со по два единечни кревети и сопствен тоалет.

Сите посетители на домот може да ја користат и заедничката трпезарија на домот и дворот.

Во рамки на домот има кујна, но посетителите неможе да ја користат. Посетителите може да ги користат ресторански услуги

Во домот има интернет пристап.

Моменталниот максимален капацитет е 30 кревети.

Во близина на домот постои уште еден сместувачки капаитет и бачилоСместувањето дозволува влез на домашни миленици во одредени постории на домот. Поради близината на бачилото во близината на домот, не препорачуваме носење на милениче.

Сместувањето и одјавувањето се по договор

Клучот се подига од одговорно лице.

 Постелнината за посетителите кои остануваат повеќе денови може да се замени по нивно барање.

Бунгалови:

- 900 ден. по кревет со вклучен доручек

Поткровје:

- 600 ден. по кревет со вклучен доручек

Сите цени се со 20% попуст за членовите на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Од местото каде што се наоѓа домот, започнуваат голем број на планинарски тури, како на пример врвовите Љуботен, Ливадица, Пирибег, планинското глацијално езеро Ливадичко езеро.



ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување