Апартмани во Крушево: Вила за изнајмување

Krushevo
Цена од:

900.00 ден

Вклучено во цена:

  • Најниска цена за наем на соба
  • Цените варираат во зависнот од периодот и број на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна во сместувањето нема но сопствениците соработуваат со ресторан каде гостите добиваат попуст на менито

Апартмани за изнајмување во Крушево. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Wi-Fi
Чист Воздух

Објектот располага со три соби, од кои две се фамилијарни со четири кревети (на спрат и брачен кревет или два поединечни кревети), и третото студио  со два кревети од кои можат да бидат единечни или брачни. Исто така постои можност за трето легло. Во собите има: Купатило, ТV, Wifi, фен, фрижидер и клима. Кујни нема но има електрично ѓезве и бокал за топли напитоци. Собите се со соларен систем за топла вода. Од објектот нема паркинг но веднаш до вилата има слободен паркинг.


Информации:

- Влезот во собите е после 14:00ч. Доколку нема претходно гости има простор за влегување пред предвиденото време.

- Напуштање на собите е до 11:00ч.

- Гостите ги пречекува одговрно лице кое истото им го дава и клучот од собите

- Постелнината и пешќирите се менуват на 3 дена

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • МJS

    04.10.2022 12:59

    Во Casa Mular бевме од 08-12 септември. Со Перо, газдата, веднаш се разбравме за како да стигнеме до сместувањето. Беше реновирано, чисто и многу пријатно. Имавме преубав поглед на цело Крушево и балконче. Со исклучок на мали проблеми со одводот на бањата и тоа што има многу малку садови за што Перо веднаш реагираше, нашето искуство беше супер. Куќата е во строгиот центар на градот, веднаш до училиштето Никола Карев. Во близина е музеј-галеријата на Никола Мартиноски, неколку цркви, од различни периоди и разни други знаменитости. Многу шарматно градче е Крушево, не бевме биле многу одамна и се надевам ќе одиме пак. :)