Дрвена куќичка во Маврово
7,380.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на вила од ноќевање за 6 лица
- Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- ТВ
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
Вила во Маврово за цело друштво. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата располага со дневен престој со незаменлив панорамски
поглед кон Мавровското езеро, кој за момент може да ви го одземе здивот, како и
целосно опремена кујна, тоалет, и две спални соби со капацитет од 6 лица. Сите
свои содржини што ги нуди овој интимен комплекс, го прават совршено место за
бегство од вашето секојдневие.Не дозволувајте да ви раскажуваат, дојдете и
почувствувајте го ова мало парче рај кое нуди мир и спокојство, создадено да ви
пружи искуство за паметење и задоволство за сите важи потреби.
Вилата се наоѓа над ресторанот Мавровски Мерак
Располага со две соби, во едната соба има брачен кревет, во
другата 3 единечни кревети со можност за додавање на уште еден.
Располага со целосно опремена кујна Има wifi и кабелска
телевизија и паркинг. Максималниот капацитет е 6 лица
Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот,
како и од бројот на лица што престојуваат.
Во летниот период посетителите можат да уживаат и во новиот
базен кој што од ова лето ја краси нашата прекрасна тераса.
Има 2 ресторани во близина на вилата.
Црквата во вода е исто во близина, пештерата Шаркова дупка и
ски терените се на 1 км.
Вилата е pet friendly.
Check in: 14:00 PM до 17:00 PM
Check out: 08:00 AM do 11:00 AM
Гостите ги прима сопственикот на вилата и е достапен во
секое време за било каква информација.
Доколку сопственикот не е присутен, Клучевите се превземаат по договор.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Nenad Petrushevski
08.11.2021 07:42
Zdravo, dali imate slobodni kapaciteti vo periodot od 30.12.2021 - 02.01.2022? Blagodaram! Pozdrav, Nenad