СУПЕР ДОМАЌИН

Konak Hilltop Lodge & Villa: Крушево

Krushevo
Цена од:

2,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • 2000 ден- стандард соба со задна ориентација за 2 лица
  • 2500 ден- делукс соби со поглед на Крушево за 2 лица
  • 2700 ден - 2+2 апартман со посебна спална и поглед на Крушево
  • 3000 ден- 4 +1 апартман со посебна спална соба и поглед на Крушево
  • Цената варира во зависност од предиодот и бројот на ноќевање
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг
  • Луксузно сместување

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани во Крушево. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 16
Кревети : 16
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Konak Hilltop Lodge & Villa се наоѓа во Крушево на ул. Манчу Матак бб- Крушево, во хотелска зона, на 650 м воздушно на десно од Хотел Панорама, во правец накај жичара. Точната локација можете да ја погледнете најдоле на мапата.

Објектот располага со 4 соби , од кои 2 со камин и поглед на планина и имаат 2 единечни кревети, моментално споени во еден кинг сајз кревет и зашрафени.

Другите две соби се делукс соби со транспарентен туш, панорамски поглед на Крушево и брачен кревет. Располагаме и со два апартмани, со панорамски поглед на Крушево, со  сопствена днева и мини кујна во секој од нив, во секој по еден брачен кревет и по еден дополнителен лежај на пуштање.

Објектот има вкупен капацитет за 16 лица.

Собите имаат подно греење, сопствено купатило, мини фрижидерче, бокал за греење вода, кафе, чај, СМАРТ лед тв со кабелска, 5G Wi-Fi, Free Netflix, фенови за коса, бесплатен потрошен материјал за тоалет.

Двата апартмани имаат сопствени кујни опремени со решо на индукција, микробранова печка, фрижидерче и комплет прибор.

Кујните се опремени со се што треба за спремање на брз оброк и за припрема на кафе/чајче.

Објектот има бесплатен Wi-Fi.

Објектот има приватен паркинг со ограничен број на возила. Доколку капацитетот е полн, има градски паркинг во непосредна близина, или паркинг кој не се наплаќа дополнително.

 

Check in: После 14:00 часот

Check out: Најдоцна до 10:00 часот


Клучот се подига од сопствениците или пак од одговорни лица за вилата.

Постелнина и пешкири се менуваат секој трет ден, по барање на гостите и порано.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за оставање велосипеди. За миленик се доплаќа 500 денари од ноќ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Aleksandra Stan2kovska

    16.12.2024 14:16

    Dali imate slobodno od 02.01.2025 do 04.01.2025