СУПЕР ДОМАЌИН

Апартмани во Радожда

Struga
Цена од:

2,200.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за апартман на приземје: 2000 денари
  • Цена за апартман на спрат: 4000 денари
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Базен на отворено во сезона

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани со базен во Радожда. Можете да извршите резервација со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 12
Кревети : 12
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Објектот располага со два апартмани. Од кои едниот е на приземје и располага со една оделна сплана соба. Во апартманот може да се сместат 4 лица, два единечни кревет и една сплана. Апартманот има кујна и тоалет и голема тераса.

Вториот апартман се наоѓа на 2 спрат и има три оделни спални соби и голем дневен престој. Двете спални соби се со брачен кревет, а третата сплана соба има единечен кревет. Апартманот има тоалет и голема тераса.

Спалните соби се пространи. Во нив има кревети со комплетна постелнина (пешкири, прекривки и крпи). Спалната соба на приземје има ТВ, а горниот спрат има ТВ само во едната спална соба.

И двата апартмани имаат комплетно опремени кујни.

Објектот располага со Wi-Fi.
Паркинг има во гаража за едно возило, а во близина на објектот има каде да се паркираат други возила.

Максималниот капацитет во апартманот на приземје е за 4 лица, на спрат е за 8 лица.

Во близина на сместувањето има рибни ресторани со специјалитети.

Сместувањето се наоѓа во селска средина со прекрасен поглед кон езерото кон исток и со прекрасен поглед кон планината на запад.

Соседството е пријателско и љубезно.

Check in: Флексибилно (Со претходен договор со домаќинот)
Check out: Флексибилно (Со претходен договор со домаќинот)

Клучевите се подигаат од сместувањето.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3-4 дена.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди. Околината нуди велосипедски патеки и одлична можност за возење околу езерото.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Blagoja Bakrevski

    08.07.2024 09:36

    Baram smestaj od 29 juli do 3 avgust

  • Olivera Jovanovska

    20.04.2024 11:36

    Здраво почитувани, кажете ми дали има двор или само делот со терасата е и дали е слободен 1и 2 мај. Благодарам однапред.

  • Лидија

    24.08.2023 09:17

    Примате мали кученца.. .имам малтене со стекнати хигиенски навики...позз Лидија