Мотел во Ресен

Resen
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена од ноќевање за наем на двокреветна соба
  • Цената варира во зависност од престојот и терминот
  • Wi-Fi
  • Паркинг
  • 24/7 услуга
  • Греење/Ладење
  • ТВ

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до мотелот
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 17
Кревети : 17
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi

Мотелот располага со вкупно 7 соби од кои 3 се апартмани опремени со сопствено купатило, брачен кревет, клима уред, телевизор, фрижидер.

Апартманите се во горниот дел на мотелот. Во долниот дел има 4 соби и 3 купатила. Секоја соба си има телевизор, греење и Wi-Fi. Мотелот има приватен паркинг како и двор во кои нашите гости може да си го помуваат слободното време.

Клучот од собите о апартманите го дава лично сопственикот на мотелот. Бидејќи мотелот работи 24/7, гостите може во кое било време да се сместат а се одјавуваат најкасно до 11 часот.

Мотелот е сместен во мирна околина (нема соседи). Ресен е познат по Сарајот, а посетителите може да уживаат во природата која ја опкружува Преспа како и во преспанското Езеро.

Преспа има многу добра и традиционална храна во локалите покрај преспанското езеро, но исто така до мотелот има и ресторан кој служи превкусна храна. Постелнината редовно се менува на 7 дена, ако е потребно и на пократок период.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Разгледајте повеќе сместувања