Супер Домаќин

Вила со базен и панорамски поглед на Охрид и Охридско езеро

Ohrid
Цена од:

2,460.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена од ноќевање од 1845 до 2460 во зависност од бројот на лица
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • ТВ
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Храна

Вилата се наоѓа на 890 метри надморска височина. Испратете барање за резервација на сместувањето, по што ќе добиете одговор на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 15
Кревети : 15
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Нашата уникатна вила се обновува и проширува со нов дополнителен сместувачки капацитет. Сместувањето е идеално за луѓе кои сакаат да уживат во прекрасниот поглед на градот Охрид и езерската ширина.

Апартманите се наоѓаат на падините на Националниот парк Галичица кон с. Рамне, на 900 метри надморска височина.Толку мирно, планина, фантастична панорама на Охрид и Охридското езеро од 900 м.н.в, а сепак на само 4 километри до центарот на Охрид. Исто така, тука ќе имате можност да уживате во погледот на најубавите зајдисонца во текот на целата година. Вилата располага со три апартмани, еден двособен на приземје и два еднособни на прв кат. двособниот е опремен со еден дупли кревет и два лежаи на пуштање, еднособните се со француски лежај и двоседи на пуштање.

Апартманите се опкружени со природата на НП Галичица,одалечени само 4 км од центарот на градот,  нудат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското езеро, со можност за тишина и релаксација каква што заслужувате. Внатрешноста ќе ве изненади, а исто така и фактот дека ова куќичка е Pet-friendly. Апартманите имаат дневна соба, опремена мини кујна, спална соба, бања, тераса со поглед и паркинг простор. Опремени се со инвертери, телевизори, Wi-Fi, кабловска и огромен двор во кој има базен кој може да се користи во летниот период, дополнето со скара на дрва.

Во близина на апартманите де наоѓа село Рамне, каде што е изградена втората хидроцентрала во Македонија, која гункц и ден денес со мал капацитет. Селото Рамне е познато по тоа што тука е напишан познатиот Болоњски (Рамненски) псалтир , во 9 век кој денес се наоѓа во Болоња.

Apartmani ви нудат сместување во две куќички,вклучително 4 засебни апартмани на два различни краеви од дворот.

Апартманите се опремени со кујни.

Апартманите имаат одличен интернет и претставуваат одлично место за дигиталните номади кои може да ја заменат веќе постоечката канцеларија со канцеларија со прекрасен поглед.

Пред апартманите има простор за паркинг.

Максимален капацитет е од 12-15 лица.

Апартмани се наоѓа во околината на село Рамне кон кое село има патека, а исто така и кон село Велестово има патека погодна за бајкинг или пешачење. Исто така и планински патеки кон изворите на Летница.

Сместувањето се наоѓа во падините на НП Галичица, на само 4 километри од центарот на градот и на само 2.5 километери од автобуската станица. Плажите се наоѓаат на 5 километери од локацијата.

Најблиското соседство е на 300 метри од вилата.

Check in: 13:00 часот (или во договор)
Check out: 10:00 часот

Клучот се подига од сопственикот или од договорена локација.

Постелнината и пешкирите се менвуаат на 3 дена или по договор.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има просотор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ивана Велковска

    09.11.2024 16:50

    Zdravo, me interesira dali e slobodno za od 31.12 do 02.01 za 5 lica?

  • martin krstev

    15.08.2024 15:24

    Zdravo, bi sakal da pitam koja kje bide cenata za 4 vozrasni lica i edno bebe od Edna godina za prenokjevanje od datum: 22.09-4.10?

  • Natasha Venkova Mitevski

    21.06.2024 13:49

    Barajte me za rezervacija 22. Prema 23 ti 1 nokevanje.

  • даниела

    26.03.2024 07:26

    Здраво може ли цена за нокеванје за 6 возрасни и 3 деца