СУПЕР ДОМАЌИН

Вила на Охридско езеро со прекрасен поглед

Ohrid
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект: 60 евра од ноќ
  • Цена за 2 лица во сместувањето од 3.000.00 денари за едно ноќевање
  • Цената варира во зависносто од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 5
Кревети : 4
Check In : 15:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Локација

Вилата се наоѓа на само 5 минути од Охрид, во населбата Рача, со целосен панорамски поглед кон Охрид и Охридското Езеро.

Преглед на сместувањето

Сместувањето располага со две простории: една дневна соба со трпезарија и кујна и една спална соба. Распоредот за спиење вклучува брачен кревет, единечен кревет и тросед на извлекување за две лица.

Апартманите се целосно опремени со кујна, трпезарија, дневен престој, спална соба, тераса со поглед на езеро и одделно купатило.

Опременост на кујната

Кујната е опремена со плотна и фрижидер.

Содржини

  • Wi-Fi интернет
  • Приватен паркинг

Капацитет

Максималниот капацитет на сместувањето е до 5 лица.

Околина и активности

Околината е планинска и нуди патеки за прошетка кои водат до брегот на езерото и блиските плажи.

Во близина има можности за параглајдерство, а најблиската плажа е на 2 минути со автомобил или околу 20 минути пеш.

Соседство

Сместувањето се наоѓа во мирна населба, главно ориентирана кон туризам, со други сместувачки капацитети во околината.

Пријава и одјава

Пријава: 15:00 часот
Одјава: 11:00 часот

Клучот се подига од домаќинот.

Правила и услуги

Пешкирите се менуваат на секои 2 дена, а постелнината на 5 дена или по барање на гостите.

Домашни миленици не се дозволени.

Има простор за оставање велосипеди.

Греење и ладење

Во летниот период се користи клима-уред, а во зимскиот период централно греење.

Вкупен број на кревети

5 кревети вкупно

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Марта Матиќ Христовска

    15.06.2025 16:11

    Барам двоспален апартман од 30.07 за 5 ноќевања.Дали е двоспален овој апартман и цена?