СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартман 2 - Попова Шапка

Popova Shapka
Цена од:

5,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартманот е 5.000 денари за едно ноќевање
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартман 2 - Попова Шапка. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 5
Кревети : 4
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Апартманот се наоѓа во тивка викенд населба, на прв ред, и нуди мирен престој во природа, далеку од градската бучава.

Сместувањето располага со една соба со кревет на развлекување и две креветчиња на спрат. Максималниот капацитет е до 5 лица, со вкупно 4 кревети, што го прави погоден за семејства и помали групи.

Апартманот има комплетно опремена кујна со кујнски прибор, садови, шпорет и фрижидер со комора. На гостите им е достапен бесплатен Wi-Fi, како и приватен паркинг на самата улица.

Соседството е мирно и пријатно, а пешачките стази се на околу 5 минути од сместувањето, додека хотелите и дополнителните содржини се на приближно 10 минути пеш.

Греењето е обезбедено со термо печка и радијатор, што овозможува комфорен престој во текот на целата година.

Check-in: 13:00 часот
Check-out: 10:00 часот

Клучот се подига од домаќините.

Домашни миленици не се дозволени, а сместувањето нема простор за оставање велосипеди надвор.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување