Вила на Попова Шапка со два идентични апартмани
6,000.00 ден
Вклучено во цена:
- 6.000 денари е цена за наем на еден апартман од ноќ
- Греење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата се наоѓа на Попова Шапка. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на апартманите
Сместување и капацитет
На располагање има два идентични апартмани, секој со површина од 50 м². Секој апартман може да смести 2 возрасни лица и 2 до 3 деца.
Распоред и опременост
Апартманите имаат дневен престој со двосед и тросед на развлекување, комплетно опремена кујна со сè што е потребно за готвење и една спална соба со брачен кревет. Секој апартман располага со купатило и тоалет, Wi-Fi и телевизор.
Тераса и двор
Едниот апартман има тераса, а гостите од другиот можат да го користат дворот на вилата. Дворот е простран и погоден за дружење и детска игра во пролетните и летните месеци.
Паркинг и греење
Паркинг има во непосредна близина на сместувањето. Апартманите имаат централно парно греење.
Пријавување и одјавување
Пријавување: од 14:00 часот
Одјавување: до 11:00 часот
Доколку нема гости пред вашето пристигнување или по вашето заминување, поинакво време за пријавување или одјавување може да се договори со сопствениците.
Преземање на клучот
Клучот се презема од сопствениците, кои ги пречекуваат гостите и ги запознаваат со вилата и околината.
Дополнителни информации
Домашни миленици не се дозволени. Има простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Ардиан шабани
18.12.2024 22:40
Здраво кој датуми ги имаш слободни за месец јануари мене ми требат слободни датуми од 1 до 12 две до три ноќевања ве молам еден број за контакт
-
ramadani dani
12.12.2024 12:54
kazimi cena od 13 do 25 december
-
Tatjana Iliesvka
18.11.2024 16:07
Zdravo sakam da prasam na 31.12 dali e slobodno