Модерна вила на Попова Шапка
7,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на вилата од ноќ од 7.000 денари за едно ноќевање
- Цената варира во зависност од бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- Приватен паркинг
- Опремена кујна
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Сместување
Вилата располага со две спални соби и дневна соба која може да се користи и за спиење. Удобно сместува шест лица, а максималниот капацитет е седум лица.
Опременост и удобности
Кујната е целосно опремена за подготовка на храна, со прибор за јадење, шпорет и фрижидер. Вилата има бесплатен Wi-Fi и приватен паркинг.
Греењето е на електрично парно. Сите простории се рамномерно загреани, со иста температура во целиот апартман. Постелнината и пешкирите се менуваат секој ден.
Локација
Вилата се наоѓа во населбата Попова Шапка, во близина на ресторани, кафулиња и жичарницата.
Пријавување и одјавување
Пријавување: од 12:00 часот
Одјавување: до 11:00 часот
Клучот го предаваат сопствениците, кои ги пречекуваат гостите пред вилата.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Стефан Ивановски
04.01.2026 12:51