Апартмани во Љубаништа: Охридско езеро

Ohrid
Цена од:

1,845.00 ден

Вклучено во цена:

  • Од 27.04-31.05: 30 евра
  • 01.06-31.08-40 евра
  • Септември: 35 евра
  • ТВ
  • Ладење

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Во околината на сместувањето се наоѓа Автокампот Љубаништа кој е на 1 километар и Св. Наум на 2 километри. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 14
Кревети : 14
Check In : 12:00
Check Out : 09:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Објектот располага со 3 апартмани, со дневна (тросед на развлекување) и спална соба со брачен кревет.

Апартманите располагаат со дневна соба во која има TV и плакар, спална соба, тоалет, мини кујна со квадратура од 35м2 и тераса од 20м2, сопствена плажа со две лежалки од апарман, столчиња и маса, мало детско катче со играчки и нишалка, скара.

Кујните се целосно опремени со прибор за ручење, мини шпорет со рерна, тостер, фрижидер.

Сместувањето нема wi-fi. Има кабловска Тотал ТВ.

Сместувањето има приватен паркинг.

Максималниот капацитет на сместувањето е 14 лица.

Во околината имате можност за прошетки и јавање коњи, адреналински парк, ATV 4X4 на 200 метри од сместувањето.

Соседството е мирно.

Check in: 12:00 часот
Check out: 09:00 часот

Клучот се подига од соствениците, а по договор може да се подигне и од вилата.

Пешкири нема, има фен и постелнини кои се менуваат на 5 дена.

Домаќините може да ви организираат прошетка низ Националниот Парк Галичица, Св. Наум, Св. Заум.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Викторија Величковска

    23.07.2024 17:23

    Ве молам пишете ми од кога имате слободен термин. Ви благодарам

  • Aneta Gjorgievska

    30.06.2024 10:19

    Dali imate slobodno za 16.08 do 20.08 za dve familii ednata familija so edno dete 2 godini drugata familija so dve deca ednoto 6 god drugoto 1 god

  • Sanja

    20.06.2024 07:32

    Ve molam zza info dali imate sloboden apartman za familija so dve deca od 20.06-23.06. Vi blagodaram ,

  • Vojo

    16.06.2024 10:48

    Zdravo....moze li cena za 5 nokevanja od 20.07 semejstvo 4 clena

  • Korun

    15.08.2023 15:48

    Не постои топла вода и е невозможно да се истушираш/измиеш! Има само прежешка вода со премал (непостоечки) притисок која не можа да се искомбинира со ладна за да се добие нормална/топла вода бидејќи не е подесена температурата на инсталацијата од соларниот панел, а и како што напоменав, нула притисок. Полнење пластични шишиња со вода и оставање во двор да се стоплат е единствениот начин да се избања бебе/дете на пример. Плажата е ок, под сенка е нон стоп ама местото за капење не е добро, многу и остри камења и дрво во сред вода. Не препорачувам