СУПЕР ДОМАЌИН

Соби во Охрид

Ohrid
Цена од:

2,500.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Во зависност од периодот и достапноста, цените се движат од 900 до 2.500 денари по соба за ноќ
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Соби во Охрид. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 8
Beds : 8
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

Локација

Сместувањето се наоѓа во централното градско подрачје, во Долна Влашка Маала, позади црквата „Св. Никола“ и хотел Тино, на само 250 метри од кејот на Охридското Езеро.

Сместено е на споредна улица со фамилијарни куќи и станбени згради, во тивко и мирно соседство, идеално за одмор.

Сместувачки капацитет

Сместувањето располага со 4 соби, а секоја соба е опремена со 2 поединечни кревети.

  • Вкупен број на основни кревети: 8
  • Дополнителен капацитет: можност за поставување на 1 помошен кревет на развлекување
  • Максимален капацитет: 8 лица (со можност за дополнително легло)

Опременост на собите

Секоја соба располага со:

  • ТВ
  • Клима инвертер (греење и ладење)
  • Фрижидер
  • Електричен бокал

Собите не располагаат со кујна.

Интернет и паркинг

  • Бесплатен Wi-Fi интернет
  • 2 приватни паркинг места, достапни со претходна резервација

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 12:00 до 14:00 часот
  • Check-out: до 10:00 часот

Клучот од сместувањето се подига преку keybox, што овозможува едноставно и практично самостојно пријавување.

Дополнителни информации

Собите најчесто се наменети за краток престој. За гостите кои престојуваат подолго, постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена.

Домашни миленици не се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dragana Todorova

    10.06.2026 14:09

    Cena od vecer za 2 vozrasni I 2 deca od 13 I 10 god za od 27 juli 5 noki