Апартмани во Пештани
1,815.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на соба од ноќ од 1.815 денари
- Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и период
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Објектот има една заедничка летна кујна за сите гости со простран двор и сопствен паркинг. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на сместување
Распоред на објектот
Објектот располага со 4 соби: две двокреветни и две трокреветни соби наменети за семејства со деца. Во трокреветните соби има еден француски кревет и еден помошен кревет.
Опременост на собите
Секоја соба е опремена со ТВ, клима уред, Wi-Fi, кабелска телевизија, фрижидер и сопствено купатило со тоалет.
Заеднички содржини
Објектот располага со заедничка летна кујна за сите гости, простран двор и сопствен паркинг.
Локација и поглед
Сместувањето има прекрасен поглед кон езерото, од Охрид до Поградец, како на дланка. Се наоѓа на магистралниот пат Охрид – Св. Наум, на самиот влез во мирна и спокојна околина.
Check-in / Check-out
Check-in: 08:00 – 22:00 часот
Check-out: 10:00 часот
Прием на гости
Клучевите се подигаат директно од сопствениците.
Дополнителни информации
Домашни миленици не се дозволени. Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Славица Новеска
01.08.2025 08:07
Комфорен и нов смештај. Љубезни и комуникативни домаќини.
-
Emilija Smilkova
20.08.2024 08:41
Dali imate slobodna trokrevetna soba za 23.08 i 24 08 .