Апартман во Македонски Брод со поглед на планина
1,880.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартман
- Цената е генерирана и варира
- Wi-Fi
- Паркинг
- ТВ
- Греење/Ладење
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Овој апартман кој можете приватно да го резервирате е на 120 квадратни метри на приземјето со поглед кон планините. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Македонски Брод е дефинитивно градче кое е опколено со природа, а предноста кај ова сместување е тоа што се наоѓа во непосредна близина на пештерата Пешна која е прогласена за споменик на културата. Но за пештерата ќе ви кажеме подоле.
Овој апартман кој можете приватно да го резервирате е на 120 квадратни метри на приземјето со поглед кон планините. Она што е уникатно е тоа што има градина, а градината е на само стотина метри од реката Треска.
Станот има две големи спални соби, пространа дневна/ трпезарија со балкон и комплетно опремена кујна. Има голем ходник и бања. Двете спални соби се со тераси.
Едната спална соба е со брачен (квин) кревет, додека другата е со два поединечни кревети оперемена со телевизор, Wi-Fi. Трпезаријата има голема маса идеална за шест лица, но постои можност да се прошири за 8 лица. Дневната соба исто така има телевизор со 50 дигитални канали.
Како што и спомнавме, автентичното нешто во врска со овој апартман е тоа дека самите сопственици одгледуваат овошје и зеленчук во градината. Во зависност од сезоната има домати, пиперки, краставици, кромид, моркови, цреши, сливи, праски, кајсија, јаболка, круши, малини, јагоди, грозје и аронија.
Значи, гостите можат да го искусат стил на живеење на луѓето во Македонски Брод и да можат да пробаат органско овошје и зеленчук за време на нивниот престој.
Станот е оддалечен десетина минути со пешачење од центарот на градот. Во близина има супермаркети. Исто така, терени за мал фудбал, кошаркарско игралиште, тениско игралиште и игралиште за одбојка. Тениското игралиште е достапно само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за џогирање.
ЛОКАЦИЈА