СУПЕР ДОМАЌИН

Сместување во Чифлик во Македонски Брод

Makedonski Brod
Цена од:

5,550.00 ден

Вклучено во цена:

  • СПА апартманот за двајца (ноќевање со појадок) од 5.550 денари
  • Цена по лице за едно ноќевање од 1.000 денари
  • За деца под 6 години сместувањето е бесплатно
  • За деца до 12 години се наплаќа на пола од сумата за возрасен
  • Приватен паркинг
  • Користење базен
  • Тв/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

За резервација треба да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да извршите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас.


Макс. Капацитет : 37
Кревети : 37
Check In : 12:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
СПА
Гастрономско

Сместувањето се наоѓа во селото Долна Белица, на само 35 километри од Македонски Брод. Низ селото тече прекрасната река Белешница, позната по кристално чистата вода. Од 2002 година реката е заштитена како споменик на природата — вистинска причина да го посетите селото.

Соби и капацитет

Сместувањето располага со 13 соби и вкупно 25 легла. Осум соби имаат брачен кревет и уште еден или два посебни кревета, а една соба има четири посебни кревети.

  • Две двокреветни соби
  • Три соби со три кревети
  • Три соби со четири кревети

Ресторан и содржини

Ресторанот во етно стил има капацитет за 250–280 гости: 70 во затворениот простор, а останатите на летната тераса над рибникот и реката.

Домот има езерце за пастрмка и сопствена зоолошка градина со едукативна содржина за помладите гости. Ресторанот е опкружен со прекрасна природа.

Во близина

Во близина се наоѓаат пештерата Пешна, реката Треска и езерото Козјак — места што се особено привлечни за љубителите на риболовот.

Пријавување и одјавување

  • Пријавување: 12:30–20:30 часот
  • Одјавување: 10:30–11:30 часот

Клучот се подига од сопствениците во самото сместување.

Постелнина и крпи

Постелнината и крпите се менуваат на секои четири дена. За гостите што престојуваат подолго, крпите може да се менуваат и почесто.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dusko Hristov

    27.04.2024 19:02

    Ve molam za tri do cetiri para za prvi majb, dali ima mesto i kazete cena za nokevanje i eventualno za kompletno meni. Dali mozeme da dojdeme odkaj jasen. Blagodsram

  • Мотел Чифлик:Македонски Брод

    31.08.2023 11:05

    Г-ѓа Кети Се извинуваме поради недостатоците со кои сте се соочиле за време на престојот кај нас . Инаку собите се истите од пред неколку години ,а кујната е за 3 соби на спратот и ,требало да се обратите кај некој од нас да ве услужиме со тоа што ви фалело.Пред се тоа е чајна кујна иако е опрема со се. Не засегна коментарот бидејќи вие сте први гости кои не се задоволни од престојот но коментарот остава лоша слика за оние кои не биле и незнаат како навистина ќе бидат пречекани и колку може персонслот да излезе во пресрет за се што ќе им недостасува.Ви се извинуваме уште еднаш и се надеваме во наредна прилика ќе го смените вашето мислење. Поздрав

  • Кети Неделкоска

    12.08.2023 19:39

    Пред неколку години бевме во мотелот и во ресторанот и бевме задоволни. Во моментов сме тука и сме крајно разочарани. Собите се премачи о нема никаков плакат,хогиената на многу ниско ниво. Само 1 кујна која не е опремена со ништо. Дури нема ни 2 филџани А кафе,а истата кујна е за 5 соби. Во ресторанот храната е подпросечна. Доручекот е оскиден ,а порциите во ресторанот се многу мали. Целосен впечаток - треторазредно.

  • Irina Gapikj

    10.05.2022 19:51

    Dali primate mali kucinja?

  • Gordana ristova

    01.05.2022 12:57

    Prekrasno mesto bevme grupa od 18 lica si pominavme prekrasno ubavo smestuvanje prekrasna hrana i prekrasni gazdi blagodarime za prekrasniot precek

  • Anita Keskovska

    26.05.2021 22:15

    Дали примате гости со мало куче?

  • Zoran Ralev

    12.04.2021 21:57

    Sossem pogresna mapa. Ovaa belica e vo Bugarija,, obratete vnimanie na mapata!!!