Хотел Чинго: Охрид

Ohrid
Цена од:

2,152.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена од ноќевање за 2 лица
  • Појадок
  • Паркинг
  • Wi-Fi/ТВ
  • Пешкири
  • Сопствено купатило
  • За трето лице се доплаќа 10 евра
  • За деца до 6 години бесплато
  • За деца до 12 години цената е со 50% попуст

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Вечера (Со можност за доплата од 6 евра по лице)

Сместување во Охрид. Хотел Чинго во центарот на градот. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 100
Кревети : 100
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Хотел Чинго се наоѓа во центарот на градот Охрид на почетокот на старата чаршија. Располага со 40 соби. Околу 23 од нив се со големина од 40- 45 метри квадратни и доста комотини. Во дел од нив има 3, 4 и 5 легла, дел се со стандардни легла, а во дел има и софа која на развлекување која се користи како помошно легло. 

Во дел од собите има брачен кревет, а во дел се поединечни. 

Секоја соба има клима (функционална), фрижидерче, ТВ со кабловска и кулатило со тоалет. 

Хотелот располага со 24/7 отворена рецепција, бар, собите се поделени по објекти, собите имаат само прозорци но не и тераси. Тераса за кафе има пред самиот влез. 

Хотелот располага со Wi-Fi.

Има паркинг во склоп на хотелот кој е бесплатен. 

Хотелот има капацитет за од 90 до 100 лица. 

Во околината на хотелот се наоѓа градскиот пазар, старата чаршија, вториот чинар.

Она по што се истакува овој хотел е љубезноста на персоналот. Хотелот се наоѓа во зона 1, но околината е тивка, а и хотелот има добра изолација што го прави идеален за одмор. 


Сместувањето е по 14:00 часот
Одјавувањето е до 12:00 часот


Во собите има пешкири кои се менуваат секој ден, а постелнината се менува на 3 дена, но по барање на гостите може да се менува и почесто. 

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • сања мицева

    26.07.2024 07:09

    Дали има слободно од 07.08 до 11.08