Супер Домаќин

Гостински соби „Пирустија Неданоски“ село Рамне

Ohrid
Цена од:

2,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената по наем за студио за 2 лица
  • Во цената е вклучен богат и здрав појадок
  • Изнајмување на мининум 2 ноќевања
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Етно куќата на „Пирустија Неданоски“ располага со две соби опремени со по еден брачен кревет и еден помошен кревет.

Собите располагаат со: WI-FI, сопствена бања, теливизори со интернет/ BOOM TV, фрижидер, сопствено катче на чардакот. Има заедничка кујна која може да биде во употреба или пак гостите може да си нарачат ручек од домаќините.

Сместувањето се наоѓа на средсело кадешто има огромен паркинг со сенка.

Максимален капацитет по соба е три лица.

Во околината има селска црква Св.Илија, манастир Св.Атанасија, Хидроцентрала која може да се посети, шума со обележани пешачки и велосипедски патеки.

Сместувањето се наоѓа во Национален Парк Галичица

Околината е чиста, богата природа, со многу вода, бобинки и овошки, селски ливади и бавчи/ градини, лозја

Термин за сместување е од 12 до 14 часот (со исклучоци)

Термин за одјавување е 10 часот

Клучот им го дава еден од домаќините, при самото сместување (некој секако ги пречекува и сместува)

Постелнината и пешкирите се менуваат на 4 дена.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување