Попова шапка регион

Вила Момироски: Попова Шапка

Вила Момироски: Попова Шапка

Попова шапка регион Цена од:

4,300.00 ден

Вилата се наоѓа во непосредна близина на „Бачило“.

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила од ноќ
  • Цената варира во зависнот од бројот на ноќевања, периодот и структурата на патници
  • Греење на струја
  • ТВ

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Интернет

Вилата се наоѓа во непосредна близина на „Бачило“. Во вилата може да се сместат од 5 до максимум 9 лица во зависност од возраста на патниците. На приземјето од вилата се наоѓа пространа дневна соба со трпезариска маса и кујна опремена со сите неопходни работи за готвење. На приземјето се наоѓа и тоалет со купатило. На горниот спрт се наоѓаат две спални соби. Во спалните соби има проширени кревети на кои може да спијат по 2 лица. Постелнината се менува, а патниците треба да си понесат пешкири.

Греењето е на струја.

Сместувањето во вилата е по 12:00 часот, но доколку претходната ноќ вилата е слободна тогаш патниците ќе може да се сместат и порано. 
Одјавувањето е до 10:00 часот или во договор со сопственикот. 

Пред вилата има јавен паркинг. Се наоѓа на 5 минути пеш над „Бачило“. Предната страна на вилата гледа кон ски стазите. Има зелен двор, скара на отворено и балкон. 

Телефон за резервација: 077 966 236

Остави Коментар