Eдрење со јахта на Охридско езеро за сезона

Ohrid Цена од:

9,840.00 ден

Едрење со јахра на Охридско езеро. Доколку сакате да резервирате испратете барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна сума. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • 9,840 денари вкупна цена за 6 лица за двочасовно едрење
  • Цените се по лице или за наем/стои во пакетите
  • Вино
  • Фотографии
  • Уживање
  • Моменти

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до местото од кадешто започнува едрењето
  • Храна

Едрилица јахта Кент Г класа (маса 3,5т, должина 8.50 м , ширина 2.5 м, бродски мотор 25 КS, маса на кобилица 900 кг, внатрешна висина 1,85 м). Едрилицата располага со: кокпит за 6 лица, тенда, крмена платформа со скали за влез во вода, голема палуба за сунчање , душеци за лежење, дневна соба, спална соба, тоалет, озвучување и Bluetooth, Wi-fi спот, USB приклучок за полнење телефон, соларен панел, ПП апарат, сет за прва помош, елеци за спасување, сидро, кофа и сунѓер. Единствена едрилица јахта на Охридско езеро регистрирана во Централен регистар на Република Северна Македонија за комерцијален превоз на патници и патничко оцигурување на патниците.


● 2 часа тура- Започнува од пристаништето во Охрид. Се плови покрај Стариот град и црквата Канео, вилата на Претседателот, плажата Горица. Основна цена за до 2 лица е 100 евра.

Дополнителен патник (до вкупно 6)-15 евра по лице

„Вино и пловење +15 евра по лице и вклучува половина флаша вино (по лице) и даска со сирење


● 4 часа тура- Започнува од пристаништето во Охрид. Се посетува Стариот град и црквата Канео, вилата на Претседателот, Лагадин, Горица, плажата Cuba Libre. Основна цена (за до 2 лица) е 175 евра.

Дополнителен патник (до вкупно 6)- 15 евра по лиц

„Вино и пловење“+15 евра по лице и вклучува половина флаша вино (по лице) и табла со сирење



 III. Целодневно едрење
Тргнување од градско пристаниште околу 9 - 9:30 часот, враќање во 20:00 часот.
Можност за рута по желба : кон Св. Наум (Горица, Лагадин, Пештани,Градиште , Заум,Трпејца) или кон Радожда (Даљан, Струга, Калишта, Еленкамен). 

❖ Едрилицата е управувана од страна на професионални скипери кои поседуваат професионални лиценци издадени во Хрватска. За време на едрењето, по желба, може да се одржи обука за “Основи на едрењето”
❖ Турите зависат од правецот и јачината на ветарот. Во зависност од временските услови постои можност за презакажување на турите.

Остави Коментар

Коментари

  • Marija Gjurovska

    23.04.2021 10:43

    Zdravo, zainteresirani sme za iznajmuvanje na edrilica za 24 maj. Dali e otvorena sezonata toj datum?