ATV Skopje Off-road
2,000.00 ден
ATV тури во Скопје и околината на Скопје. За да резервирате тура за вас и вашето друштво, потребно е да испратите барање со селектирање на датумот. Откако ќе испратите барање очекувајте одговор од организаторот во текот на денот, каде ќе добиете вкупна цена. Откако ќе добиете одговор, доколку ви одговараат условите вие можете да ја потврдите резервацијата.
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати во опис
- Цената може да варира во зависност од големината на групата
- Со турата доаѓа обичен водич кој ја води турата
- Пред старт на турата добивате обука за возење и управување
- Заштитна опрема- Кацига
- Видео материјал и фотографирање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартната локација
Дали сте подготвени за една поразлична АТВ тура во околината на Скопје? Недалеку од урбаното, а сепак во дивината!
На располагање се вкупно 11 АТВ мотори. Од кои 8 мотори едносед за по едно лице, а 3 мотори двоседи за по 2 лица. На двоседите може да се возат две лица со умерена тежина.
Организираме две тури со поаѓање од Драчево, како би можеле да се вози низ доста интересен предел
Тура 1
Стартна Дестинација Драчево
По една особа на ATV цената е 2000 денари.
Ако се двајца на едно ATV цената е 3000 денари
Информации за
турата:
Турата е долга 25 километри и трае од 2 до 2.5 часа. Се вози низ виновите лозја
на Сковин, до Водно, над Сопиште со прекрасен панорамски поглед на Скопје
Тура 2
Турата е долга 50 километри,
Турата трае 4 до 5 часа,
Цената од АТВ возило е 4500 денари
Стартна дестинација Драчево па се до милениумскиот крст на Водно.
ВАЖНО: За реализација на турата гостите не смеат да пристигнат во алкохолизирана состојба или под дејство на психотропни супстанции. Доколку водичот забележи дека лице не е во состојба да управува, турата нема да биде реализирана, а средствата пропаѓаат. Затоа да бидеме одговорни.
ЛОКАЦИЈА