АТВ на Галичник
2,500.00 ден
АТВ на Галичник. За да резервирате термин потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да реализирате тура. Пишете за колку лица сакате тура и која рута ја сакате. Во текот на еден ден ќе добиете одговор со вкупна сума, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте писмени резервации, така е најбезбедно за вас и за организаторот.
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати во самиот опис во зависност од која рута сакате да ја резервирате
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до Галичник
Резервирајте АТВ авантура на Галичник! Идеална тура за да го истражите дивиот предел на Галичник! Да ги видите сите убавини, прејрасниот пејсаж и да дегустирате локална храна!
На располагање се три рути:
Име на
рутата: Венец
Категорија: Peaceful
Должина: 10 км
Времетраење: 01:30 (Час и половина)
Цена по АТВ: 2500 денари
Цена по АТВ во евра: 40 евра
Прва рута наречена е Венец. Се вози по шумската патека, точката
за поаѓање е од селото Галичник. Времетраењето на турата e околу 1 ипол час. Во
турата е обезбеден пијалок во текот на возењето, како и дегустација на
најубавото Галичко сирење закитено со чашка ракија и парче пита во гостилницата
" Баба и Деде " по завршувањето на вашата авантура.
Име на рутата:Чавкарник
Категорија: Авантуристичка
Должина: 33 км
Времетраење: 04:30 (Четири часа и триесет минути)
Цена по АТВ: 5000 денари
Цена по АТВ во евра: 81
За оние кои не се запознаени со приказната за бачилото Чафкарник. Уникатноста
доаѓа од самото име, кое го добиле токму поради чавките што живеат во оваа
пештера, веднаш до пештерата. Кога ќе го остават, сирењето често се чува таму,
токму во таа пештера, поради природната температура што ја има, која е одлична
за зреење на сирењето. По подолг период, денеска за прв пат имавме можност да
видиме како тоа изгледа одвнатре. Секогаш добиваме многу повеќе од природата
отколку што ни е потребно. Да го цениме тоа!
Име на рутата: Говедарник
Категорија: Авантуристичка
Должина: 21 км
Времетраење: 03:30:00
Цена по АТВ: 4000 денари
Цена по АТВ во евра: 65
Рутата се вика Говедарник. Целта ни е да ѕирнете што се крие позади карпата
Говедарник и од блиску да видите каков е животот на бачилото што го носи истото
име. Особена почит им оддаваме токму на овчарите за храброста која ја имаат со
месеци да престојуваат таму заедно со овците. Деноноќно бдеејќи над нив и
заштитувајќи ги од волци и други закани со што си го загрозуваат и нивниот
живот. Патеката е долга 21км со времетраење од околу 2 ипол часа.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Viktorija Trajkov
03.07.2022 21:34
Ве молам цена за 4 девојки за тура, во сабота 09.07. И повеќе детали околу истата. Благодарам