Супер Домаќин

Винска дегустација во винарија Dane Hermes: Пепелиште

Negotino Цена од:

1,722.00 ден

Винска дегустација во винарија Dane Hermes, Пепелиште, Неготино. Селектирајте го датумот, пишете број на гости и очекувајте одговор на вашиот мејл со вкупна цена и понуда.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице се движи од 28 евра
  • Цените се истакнати во опис

Не е вклучено во цена:

  • Доколку сте група можеме да организираме и транспорт со доплата

Винаријата ја има една од поубавите сали за дегустација во државата, со капацитет за околу 24-30 лица.

Цената за основниот пакет е 28,00ЕУР по лице, во кој е предвиден селекција на сирења со сувомеснато и дегустација на четири вина, па има пакет со главно јадење (риба или месо) 40,00ЕУР и последниот пакет вклучува посета и на лозовите насади на Лепово е 50,00ЕУР по лице со дегустација на 5 вина и ракија.

Трудот и заложбата на Дане Јованов денеска резултираат со годишно производство на 30.000 шишиња со врвен квалитет, односно по околу 3.000-4.000 шишиња по етикета. Со ова, како што вели Јованов, се гарантира квалитет на секое шише. Производствениот програм во моментот се сости од популарното Мерло, Вранец, Пинот Ноар, Пино Гринџо, Олја розе од сортата Сирах и Темјаника, а во иднина во план е да започне со полнење на Каберне Совињон и бленд од Вранец, Мерло и К. Совињон.

Јованов е особено горд се сопствените лозови насади кои се на површина од 25 хектари и кои се наоѓаат на една од најдобрите микролокации во Тиквешкото виногорје, а тоа е микро локалитетот Лепово. Тоа значи дека целокупното производство се базира на сопствените лозови насади и дека се води строга контрола од самиот почеток на кроење на лозовите насади па се до берба. По самата берба со добри енолошки пракси успеваат да произведат врвни тероар вина на кои е означено од каде потекнуваат.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар