Јавање коњи во Неготино
150.00 ден
Јавање коњи во Неготино. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- За пробно јавање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до атакцијата
За нашите патувачи
кои пак за првпат се среќаваат со клубот, треба да знаат дека тој се наоѓа во
Неготино, односно во населбата „Саат Кула“.
Оддалечен е еден
километар од центарот на градот, а претставува атракцивна викенд дестинација за
локалното население.
За оние кои немаат
искуство во јавањето коњи, може да јават исклучиво во кругот на ранчот. Додека
пак на искусните јавачи може да им се организираат тури и надвор од ранчот, на
отворен терен.
Ранчот располага
со 5 коњи. Домаќините за Кајак велат дека пробно јавање чини 150 денари. Во
склоп на ранчот има и ресторан каде може да се нарача храна или пиење.
Клубот започнал
да функционира во 2017-та година, а изграден е од љубов кон коњите без комерцијална
намена. Започнал да функционира со 2 коњи и со тек на време бројката достигнала
до 5 коњи.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Francesco
06.06.2024 17:00
Hey, do you offer also classes for kids? Nice regards