Музеј на олдтајмери во Неготино

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Музејот е идеален за тимбилдинг посети, групни посети, фамилијарни посети, посети на средни и основни училишта.


Вклучено во цена:

  • Влезницата е бесплатна
  • Но полежно е посетителите да остават свој придонес во кутијата за донации (Препорака од тимот на Кајак.мк)
  • Едукативна тура низ музејот
  • Запознавање со многу модели возила

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до музејот

Музејот е идеален за тимбилдинг посети, групни посети, фамилијарни посети, посети на средни и основни училишта.

Музејот има внатрешен дел кој има капацитет да собере 20 лица и да слушнат многу корисни информации за секое возило.

Секое возило има своја приказна. Во самиот музеј има изложено 22 автомобили, 30 моторцикли, 1 авион-едрилица, делта-винг змеј и доста стари апарати како радио уреди, телефони, часовници, грамафони и слично.

Надвор од музејот под настрешници има уште 110 автомобили кои не се целосно рестраврирани.

Влезница не се наплаќа, но има кутија за донација како начин на кој гостите ќе ги стимулираат младите да продолжат со вложување во музејот.

Контакт телефон за резервации:

075 957-440- Димитар Пашлаков
070 295-294- Кирил Пашлаков

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Стефан

    19.02.2023 14:47

    Ја имам за продажба пежо 204 произведен 1971г. Регистриран во сфрј со скопски таблици. Има ли интерес за купување