Супер Домаќин

Авантура на Осоговските Планини – Еднодневно или 24-часовно доживување во Adventure park

Kriva Palanka Цена од:

600.00 ден

Резервирајте поразличен пикник/кампинг на Осоговските Планини! Прочитајте ги сите детали и одлучете се за најдобрата комбинација. Испратете барање за резервација на термин, пишете ни за колку лица сте заинтересирани и пишете ни ги сите прашања доколку ги имате. Откако ќе ни испратите барање очекувајте одговор во текот на денот на вашиот мејл, смс и вибер. Практикувајте писмена комуникација за ваша безбедност и сигурност, како и за сигурност на организаторот.


Вклучено во цена:

  • Сите цени и комбинации се истакнати во описот
  • Цената е комбинација на услуги кои би ги избрале

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Калин Камен (можете со било каква кола да се качите по асфалтиран пат)

Доживеј ја природата на еден нов и незаборавен начин. Авантуристичкиот парк на Осоговските планини нуди уникатна комбинација од адреналин, одмор, храна и кампување, осмислено за љубители на активен туризам, тим-билдинг и викенд авантури со пријатели.

АТВ тури – Истражи ги Осоговските планини со поаѓање од Калин Камен

Цената е по АТВ (можат да се возат 2 лица)

АТВ тура 1 час – 2.000 денари
Шумски патеки, авантуристички парк и кратка пауза со активности како стрелање со лак и стрела, пикадо и други забавни игри

АТВ тура 1.30 час – 2.500 денари
Шумски патеки, авантуристички парк, активности со пауза и посета на езерото Калин Камен

Сите АТВ тури вклучуваат: кациги, GoPro камера, дрон снимање, професионален фотоапарат и скафандер по потреба.

Пикник во природа

Цена: 300 денари по лице
Деца под 10 години не се наплаќаат

Вклучено е користење на пикник простор од 09:00 до 20:00 часот со целосно опремена зона, шатори за одмор, lazy bag и хамоци, озвучување, скара (подница, фурна и дополнителна опрема) и друштвени игри како шах и пикадо.

Можно е да донесете сопствена храна или да нарачате од локални ресторани со достава од 600 денари.

Кампување за двајца – 24 часа во природа

Цена: 1.800 денари за двајца

Пакетот вклучува пикник зона, шатори за спиење, скара, логорски оган, lazy bag, хамоци, озвучување, домашно кино, стрелање со лак и стрела и друштвени игри.

Оброк во природа + АТВ тура

Цена: 3.500 денари за двајца

Вклучува традиционален оброк по избор (зелник, качамак или слично) и АТВ тура од 1 час.

Превоз до Adventure Park

Со АТВ (2 лица): 500 денари
Со коњ (по лице): 300 денари

Достава на храна

Од локални ресторани: 600 денари по достава

Забелешка

Сите активности се изведуваат на сопствена одговорност. Претходна резервација е задолжителна.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар